Никит Орифа
Никита Орифа[1] бил одликуван византиски службеник, патрикиј,[2] и адмирал за време на владеењето на византиските цареви Михаил III (842–867) и Василиј I (867–886), Кој постигнал неколку поморски победи против критските сараценски ограбувачи.
Никит Орифа | |
---|---|
Држава | Византија |
Чин | друнгариј |
Битки/војни | Византиско–арапски војни |
Животопис
уредиЗа време на Михаил III
уредиНишто не се знае за младоста на Никит Орифа. Неколку луѓе именувани како Орифи се спомнати во изворите за првата половина на IX век, сите на високи поморски позиции, но секаква семејна поврзаност е случајна.[3]
Никит Орифа првпат се спомнува во изворите во 860 година, како управител на Цариград, кога руската флота ненадејно се појвила на влезот на Босфор и започнале да ги ограбуваат предградијата. Во овој капацитет, Орифа направил извештај за Михаил III, кој во тој период бил во походи против арапите во Мала Азија. На последователен датум, тој бил назначен за адмирал на Византискаta морнарица, и во 867 година назначен за (друнгариј).[1] Во ова својство, тој испловил со 100 бродови за подигнување на опсадата на арпите на Рагуза која траела 15 месеци,[2] и да го воспостави владението на Византија на крајбрежјето на Далмација.[4] Можно е, сепак, дека Орифа имал претходно поморско искуство, зашто тој може да се поистовети со еден од командантите кои учествувале во нападот од 853 година на Дамиета.[5]
за време на Василиј I Македонецот
уредиИако се издинал на висока позиција благодарение на царот Михаил III и протестирал против узурпацијата на престолот од царот Василиј I во 867 година, Орифа брзо бил придобиен од Василиј,[1] и станал најуспешниот византиски адмирал во тој период.[6]
Во 869 година, Орифа ја водел византиската флота која испловила со пддршка на Лудовик II кој го опсадил Бари, но со пристигнувањето таму, тој забележал дека франкската армија се разделила на зимски оддели, и предизвикал дипломатскаинцидент обраќајќи му се на Лудовик, кој ја земал титулата Цар на римјаните, само со „крал“. Како резултат на оваа кавга, главниот дел на византсиката војска заминал, без да учествува во опсадата на градот.[7]
Во 873 година, Орифа ги поразил Сарацените од Критскиот емират во Сарошкиот Залив,[8] и повторно победил наредната година:кога сарацените имале походи во близина на западното крајбрежје на Грција, тој ги натерал своите луѓе да ги влечат бродовите преку Коринтскиот превој, и на тој начин ја изненадил сараценската флота во Коринтскиот Залив и притоа поразувајќи ги.[9] Орифа по овие успеси го снемува од историската сцена, иако постои можност да ги водел византиските флоти уште неколку години пред да биде заменет од друнгариот Насар, вклучувајќи ги тука освојувањето на Бари, и за кус период Кипар.[10]
Орифа воопшто не ги сакал сарацените, и во секоја можност ги подлегнувал на тешки измачувања заробените сарацени муслимани.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Winkelmann и др. 2000, стр. 441 .
- ↑ 2,0 2,1 Constantine Porphyrogenitus & Bekkerus 1840, "De Administrando Imperio", p. 130 .
- ↑ Winkelmann и др. 2000, стр. 442, 487–488 .
- ↑ Runciman 1988, стр. 215 .
- ↑ Winkelmann и др. 2000, стр. 488 .
- ↑ Jenkins 1987, стр. 192 .
- ↑ Jenkins 1987, стр. 187 .
- ↑ Pryor & Jeffreys 2006, стр. 61 .
- ↑ Treadgold 1997, стр. 457 .
- ↑ Treadgold 1997, стр. 458 .
Sources
уреди- Constantine Porphyrogenitus; Bekkerus, Immanuel (1840). Constantinus Porphyrogenitus: De Thematibus et De Administrando Imperio. Accedit Hieroclis Synecdemus cum Bandurii et Wesselingii Commentariis. Bonn, Germany: Impensis Ed. Weberi.
- Jenkins, Romilly (1987). Byzantium: The Imperial Centuries, AD 610–1071. Toronto, Ontario, Canada: University of Toronto Press. ISBN 0-8020-6667-4.
- Pryor, John H.; Jeffreys, Elizabeth M. (2006). The Age of the ΔΡΟΜΩΝ: The Byzantine Navy ca. 500–1204. Leiden, The Netherlands and Boston, Massachusetts: Brill Academic Publishers. ISBN 978-90-04-15197-0.
- Runciman, Steven (1988) [1929]. The Emperor Romanus Lecapenus and His Reign: A Study of Tenth-Century Byzantium. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 0-521-35722-5.
- Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and Society. Stanford, California: Stanford University Press. ISBN 0-8047-2630-2.
- Winkelmann, Friedhelm; Lilie, Ralph-Johannes; Ludwig, Claudia; Pratsch, Thomas; Rochow, Ilse; Zielke, Beate (2000). „Niketas (#5503)“. Prosopographie der mittelbyzantinischen Zeit: I. Abteilung (641–867), 3. Band: Leon (#4271) – Placentius (#6265) (германски). Berlin, Germany and New York, New York: Walter de Gruyter. стр. 441–442. ISBN 978-3-11-016673-6.