Арапи
семитски народ
(Пренасочено од Арапите)
Арапи — народи од семитска група. Од Арапскиот Полуостров со освојувачки походи и преселби се рашириле низ цела Северна Африка, од Египет до Мароко. Јазикот кој го користат е арапскиот јазик. Ширум светот има околу 422 милиони Арапи.[1]
Арапите како тема во уметноста и во популарната култура
уредиВо делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Арапите се „љубоморни како кобри“.[2]
Арапите се често застапени во епската народна поезија во која главнот јунак се бори против некој Арап, кој е претставен како злосторник и насилник. Таков е случајот во следниве песни:
- „Марко Крале и црна Арапина“ — македонска јуначка песна.[3]
- „Марко, Арапин и Маркоица“ — македонска јуначка песна.[4]
- „Марко ја одменува свадбарината“ (Марко Краљевић укида свадбарину) — македонска и српска јуначка песна.[5][6]
- „Груица и Арапот“ (Грујица и Арапин) — српска ајдучка песна.[7]
Наводи
уреди- ↑ http://www.unesco.org/new/en/unesco/events/prizes-and-celebrations/celebrations/international-days/world-arabic-language-day/
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 111.
- ↑ Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 56-60.
- ↑ Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 60-66.
- ↑ Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 46-50.
- ↑ „Марко Краљевић укида свадбарину“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 141-147.
- ↑ Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 21-24.