Неофицијална истрага

Неофицијална истрага е американски филм, во режија на Гавин Худ. Главните улоги ги толкуваат: Џејк Гиленхал, Рис Витерспун, Мерил Стрип и Алан Аркин.

Содржина

уреди

Египќанецот Алвар ел Ибрахими е осомничен за тероризам и исчезнува на летот од Јужна Африка до Вашингтон. Неговата сопруга, Американката Изабела, патува во Вашингтон за да ја открие причината за неговото исчезнување. Во меѓувреме, под надзор на американската влада, скриен во таен затвор, надвор од САД, аналитичарот на ЦИА, Даглас Фримен е принуден да ја преиспита својата задача, кога станува соучесник во свирепата процедура за испитување на ел Ибрахими.[1][2]

Наводи

уреди
  1. Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 22.
  2. Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 25.