Неверни години (книга)

Неверни години - записи, искази и прераскази е книга од македонскиот писател Петре М. Андреевски од 1974 година. Книгата содржи записи, патописи и сеќавања.

Технички податоци

уреди

Книгата за првпат е објавена во 1974 година од издавачката куќа „Македонска книга“. Книгата има 171 страница, не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN. Нацртот на корицата го направил Спасе Куновски, коректурата ја извршила Драга Стефанова, а книгата била испечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ во мај 1974 година, а во тираж од 1.000 примероци. На книгата е назначена и нејзината продажна цена од 50 динари. Издавањето на книгата било помогнато од Републичкиот фонд за унапредување на издавачката дејност на СРМ.[1]

Содржина

уреди

Книгата содржи 14 записи, раскази, сеќавања, патописи и репортажи:[1]

  • На разминување со набожните боси души
  • Едно видување со Мариово
  • Играта на старците - Последното оро на Кузета Кузмана
  • Берово летото 1969-73
  • Благото невреме на слепиот трубадур
  • Крајпатјето и трите меани
  • Вирово
  • Места што ги паметувам, јадења што не ги заборавам
  • Почетокот на летото и крајот на дедо ми
  • Вампир
  • Шлаканица
  • Лубеница
  • Исчезнатиот сведок
  • Закопот на селскиот виолинист Ѓорѓија Димоски

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Петре М. Андреевски, Неверни години. Скопје: Македонска книга, 1974.

Надворешни врски

уреди