Небојша Јеленковиќ

Небојша Јеленковиќ (роден на 26 мај 1978 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата дефанзивен играч за врска.

Небојша Јеленковиќ за Литекс Ловеч во 2012 година

Тој имал одиграно повеќе од 290 домашни натпревари со составот на Литекс од Ловеч и го држел второто место на домашни натпревари одиграни од еден странец во бугарската А лига. Тој бил првиот странец кој станал капитен на бугарска екипа. Во 2004 година добил и бугарски пасош.

Кариера

уреди

Во Србија

уреди

Јеленковиќ ја започнал својата кариера во родниот град Нови Сад. Во летото 1998 година, потпишал со екипата и првак на СР Југославија од минатата сезона шампионот Обилиќ.

Литекс Ловеч

уреди

Во 1999 година Јеленковиќ се преселил во Литекс од Ловеч. Својот прв настап за Литекс го имал на 28 јули 1999 година во квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите против составот на Виѓев Лоѓ. Неговиот прв натпревар во лигата се случил на 8 август, во поразот на клубот на Литекс со 1:0 против составот на Славија од Софија на првиот ден од сезоната 1999-00. На 20 ноември 1999 година, Небојша ги постигнал своите први голови, постигнувајќи двапати во победата од 3:1 на гостински терен против составот на Велбажд Ќустендил. Последениот гол во сезоната го постигнал на 1 април 2000 година во победата со 6:0 на домашен терен над екипата на Волов Шумен.

На 29 август 2002 година, Јеленковиќ го постигнал својот прв европски гол во историјата на клубот во гостинската победа со 3:1 над литванскиот состав на Атлантас Клаипеда. Тоа бил возвратен натпревар од квалификациите за Купот на УЕФА 2002-03.[1] Три седмици подоцна, тој постигнал автогол во поразот на домашен терен со 1:0 против екипата на Панатинаикос во првото коло од Купот на УЕФА.[2]

Во 2006 година, Јеленковиќ бил предмет на следење на тогашниот бугарски селектор Христо Стоичков како потенцијален кандидат за Фудбалската репрезентација на Бугарија, но на крајот не ги исполнил критериумите за подобност, бидејќи се појавил на натпревари за У-21 на селекцијата на СР Југославија.[3] Истата година клубот на ЦСКА Софија направила напор да ги обезбеди услугите на српскиот играч од средниот ред.[4]

На 30 август 2007 година, екипата на Кубањ од Краснодар потврдила дека Јеленковиќ се приклучил како позајмен играч во траење од три месеци.[5] Поголемиот дел од времето во екипата на Кубањ го минал на клупата, а одиграл само три натпревари во Руската Премиер лига. Во месец декември Јеленковиќ се вратил во составот на Литекс и одиграл 12 натпревари во бугарската А ПФГ лига, постигнувајќи еден гол и тоа до крајот на сезоната.

Спартак Трнава

уреди

На крајот на сезоната 2007-08 неговиот договор истекол и Јеленковиќ потпишал со составот на Спартак од Трнава. Договорот бил со важност од една година за сезоната 2008-09.[6] Одиграл 27 натпревари играјќи во Коргоњската лига. Постигнал еден гол, а тимот завршил на третото место.

Враќање во Литекс од Ловеч

уреди

На 12 јуни 2009 година, Јеленковиќ повторно се вратил во екипата на Литекс од Ловеч. Тогаш потпишал договор за подолг период.[7] На 12 март 2011 година, тој го одиграл својот 250-ти натпревар за составот на Литекс во бугарската А ПФГ лига. На тој натпревар неговиот тим го победил составот на Пирин од Благоевград со резултат од 2:1.[8] Јеленковиќ го најавил своето пензионирање на крајот на сезоната 2012-13.[9] Тој настапил на 293 настапи во А ПФГ лигата и го заземал второто место на вечната листа на настапи помеѓу странските играчи во првата лига на бугарскиот фудбал (по Македонецот Ванчо Трајанов).[10][11]

Статистика во кариерата

уреди
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Европски натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Литекс од Ловеч 1999–00 22 3 3 0 2 0 27 3
2000–01 21 0 5 0 26 0
2001–02 31 0 2 0 8 0 41 0
2002–03 23 0 6 0 4 1 33 1
2003–04 25 0 8 2 2 0 35 2
2004–05 28 0 2 0 4 0 34 0
2005–06 26 1 2 0 10 0 38 1
2006–07 22 1 5 1 6 1 33 3
2007–08 2 0 0 0 2 0 4 0
Вкупно 200 5 33 3 38 2 271 10
Кубањ од Краснодар 2007 2 0 0 0 2 0
Вкупно 2 0 0 0 0 0 2 0
Литекс од Ловеч 2007–08 14 1 3 0 17 1
Вкупно 14 1 3 0 0 0 17 1
Спартак од Трнава 2008–09 27 1 2 0 29 1
Вкупно 27 1 2 0 29 1
Литекс од Ловеч 2009–10 24 1 3 0 2 0 29 1
2010–11 22 0 3 0 6 1 31 1
2011–12 20 0 2 0 3 0 25 0
2012–13 13 0 2 0 15 0
Вкупно 79 1 10 0 11 1 100 2
Вкупно во кариерата 322 8 46 3 51 3 416 14

Награди

уреди
Литекс Ловеч
    • Освоена е Бугарската A ПФГ лига 2009–10, 2010–11
      • Освоен е Суперкупот на Бугарија во 2010 година
    • 3 пати е освоен Купот на Бугарија: 2001, 2004 и 2008 година

Наводи

уреди
  1. „Atlantas 1–3 Litex (Litex win 8–1 on aggregate)“. uefa.com. Посетено на 29 August 2002.
  2. „Own goal gives Greeks win“. uefa.com. Посетено на 19 September 2002.
  3. Georgiev, Vasil (11 November 2006). „Йеленкович в националния отбор, oт БФС проучват възможността капитанът на Литекс да получи права да играе за България“. topsport.bg. Посетено на 7 December 2014.
  4. Yotov, Stanil (13 May 2008). „Небойша Йеленкович: и Господ ни помогна, когато бихме ЦСКА. Капитанът на Литекс е убеден, че ще спечелят Купата на България“. 7sport.net. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 14 May 2015.
  5. „Йеленкович и Берберович си тръгнаха от Литекс“ (бугарски). topsport.bg. Посетено на 30 August 2007.
  6. „Йеленкович подписа за четири години със Спартак (Търнава)“ (бугарски). sportal.bg. Архивирано од изворникот на 2018-08-26. Посетено на 14 June 2008.
  7. „Небойша Йеленкович се завърна в Литекс“ (бугарски). topsport.bg. Посетено на 12 June 2009.
  8. „Литекс награди капитана си за 250 мача вярна служба“ (бугарски). gong.bg. Посетено на 20 March 2011.
  9. „Капитанът на Литекс прекрати кариерата си“ (бугарски). novsport.com. Посетено на 15 June 2013.
  10. „Ванчо Траянов е първият чужденец с 300 мача в елита“. sport.marica.bg. 13 May 2017. Посетено на 6 September 2017.
  11. „Топ-Клуб 100 за чуждестранни футболисти“. bgfootball.eu. 1 March 2015. Архивирано од изворникот на 12 August 2015. Посетено на 29 July 2016.

Надворешни врски

уреди