Небојша Јаконов
Небојша Јаконов (Земун, Србија, 18 февруари 1954 - Скопје, 11 август 2009) — македонски новинар. Бил еден од врвните аналитичари на македонските општествени текови.[1]
Небојша Јаконов | ||
Роден | 18 февруари 1954 Земун , СФР Југославија | |
---|---|---|
Починал | 11 август 2009 Скопје , Македонија | |
Занимање | новинар |
Животопис
уредиЈаконов е роден во српскиот град Земун во 1954 година. Дипломирал на катедрата за историја на уметноста при Филозофскиот факултет во Скопје. Со новинарство почнал да се занимава во средината на 80-тите години, во весникот „Вечер“, каде што работи како новинар во комуналната и во културната рубрика. Бил еден е од основачите на неделникот „Пулс“, каде што работел од 1991 до 1999 година. Во „Утрински весник“ бил од првиот број како уредник на рубриките „Живот“ и „Стил“. Починал на 11 август 2009 година по долго и тешко боледување. Смртта го затекнала на местото помошник-главен и одговорен уредник на неделникот „Глобус“, каде што исто така работел од неговиот прв број. Автор е на книгите „Столб на куќата што се урива“ (ISBN 978-9989-189-90-6)[2] и II годишна изложба на здружението на фоторепортери на Македонија (ISBN 9989-2137-0-4).[3]
Наводи
уреди- ↑ „IN MEMORIAM Небојша Јаконов“. Утрински Весник. 11 август 2009, 16:54. Посетено на 2012-03-14. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Stolb na kukate što se uriva: kolumni i tekstovi“ (англиски). Kubon & Sagner OPAC Titelansicht. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2012-03-14.
- ↑ „Books“ (англиски). bookfinder.com. Посетено на 2012-03-14.[мртва врска]