Национална академија на науките на Азербејџан
Националната академија на науките на Азербејџан (азерски: Azərbaycan Milli Elmlər Akademiyası (AMEA)) — со седиште во Баку, е главната државна истражувачка организација која спроведува истражувања и ги координира активностите во областа на егзактните и општествените науки во Азербејџан. Основана е на 23 јануари 1945 година.
Зградата на академијата во Баку | |
Кратенка | AMEA |
---|---|
Основана | 23 јануари 1945 |
Цел | Да го следи и поттикнува развојот на науките |
Седиште | Баку, Азербејџан |
Координати | 40°22′23″N 49°48′51″E / 40.37306° СГШ; 49.81417° ИГД |
Членство | 57 полноправни членови и 104 соодветни членови |
Службени јазици | Азербејџански |
Претседател | Иса Хабиббейли |
Генерален секретар | Расим Алгулиев |
Припадност | Кавкаска универзитетска асоцијација |
Мреж. место | science.gov.az |
Претседател на Академијата е академик Иса Хабибејли, а генерален секретар е академик Расим Алгулиев.[1]
Академијата е членка на Кавкаската универзитетска асоцијација.[2]
Историја
уредиАкадемијата е заснована врз Азербејџанското здружение за научни истражувања, кое најпрво било поврзано со Државниот универзитет во Баку, подоцна со Академијата на науките на СССР. Во 1945 година, Советот на народни комесари на СССР издал наредба за реорганизација на општеството во Академија на науките на Азербејџанската ССР. Во првата година, Академијата имала 15 члена.[3]
Президиумот е сместен во историскиот објект „Исмаилија“ на улицата „Истиглалијат“ во центарот на главниот град.
Структура
уредиНационалната академија на науките на Азербејџан е поделена на шест одделенија, кои заедно содржат околу 40 истражувачки и културни институти низ целата земја:
- Катедра за „Физички, математички и технички науки“
- Катедра за „Хемиски науки“
- Катедрата за „Науки за Земјата“
- Катедра за „Биолошки и медицински науки“
- Катедрата за „Хуманистички науки“
- Катедра за „Општествени науки“[4]
Академијата има регионални канцеларии во градовите Генџе, Шеки и Ланкаран. Една од единиците во структурата на АНАН е Републичкиот центар за сеизмологија при АНАН.
Членови
уредиАкадемијата има два вида членство; моментално се состои од 57 полноправни членови (академици) и 104 соодветни членови (дописни членови). Членството се добива со гласање; претседателот на академијата се избира од редот на академиците. Академијата исто така доделува почесни членства на заслужни научници.
Претседатели
уредиИме на претседател | Период |
---|---|
Мир-Асадула Миргасимов | 1945 – 1947 |
Јусиф Маммадалиев | 1947 – 1950 1958 – 1961 |
Муса Алиев | 1950 – 1958 |
Захид Халилов | 1961 – 1967 |
Рустам Исмајлов | 1967 – 1970 |
Хасан Абдулајев | 1970 – 1983 |
Елдар Салајев | 1983 – 1997 |
Фарамаз Магсудов | 1997 – 2000 |
Махмуд Каримов | 2000 – 2013 |
Акиф Ализаде | 2013 – 2019 |
Рамиз Мехдиев | 2019 – 2022 |
Иса Хабибејли | 2022 – |
Наводи
уреди- ↑ „Президиумски апарат AMEA“ (руски). Азербејџанската Национална академија на науките. Посетено на 2017-04-25.
- ↑ „Tüm Üyeler“ (турски). Kunib.com. Посетено на 2023-08-06.
- ↑ „Azerbaijan National Academy of Sciences: Establishment“ (англиски). Science.az. 2007-01-25. Архивирано од изворникот на 2007-01-25. Посетено на 2023-08-06.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Научни одделенија на AMEA“ (руски). Азербејџанската Национална академија на науките. Посетено на 2017-04-25.
Надворешни врски
уреди„Национална академија на науките на Азербејџан“ на Ризницата ? |
- Официјална веб-страница (азербејџански) (англиски) (руски)