Егзактна наука
Поимот екзактна наука се однесува на оние научни полиња каде се вршат особено прецизни предвидувања и строги методи на тестирање на хипотези, особено репродуктивни опити со измерливи предвудувања и мерења. Изразот имплицира поделба на овие полиња, и другите полиња како социологијата и економиката, каде предвидувањето и експериментирањето се потешки. Исто така терминот укажува на тоа дека првите се постриктни, а со тоа и поточни/посигурни од вторите. Денес ваквата поделба се смета за старомодна, и затоа научниците многу ретко го употребуваат овој термин. Изразите цврста наука, чиста наука, фундаментална наука се многу слични.