Кантербери (Нов Зеланд)
Кантербери (англиски: Canterbury, маорски: Waitaha) — регион во Нов Зеланд кој главно се состои од Кантербериската Низина и околните планини. Главен град на регионот е Крајстчерч, каде се наоѓа Кантерберискиот Регионален Совет и Кантерберискиот универзитет.
Околина Кантербери Canterbury Regional Council | |
Земја: | Нов Зеланд |
Регионален совет | |
---|---|
Назив: | Околина Кантербери |
Претседател: | Сер Кери Барк |
Население: | 533,200 јуни 2006 [1] Архивирано на 28 мај 2008 г. |
Површина: | 44,638км2 |
Мрежно место: | http://www.ecan.govt.nz |
Населени места | |
Поголеми: | Крајстчерч, Тимару |
Помали: | Каикоура, Ешбартон, Лестон, Ролестон, Ферли, Темука, Метвен, Ракаиа, Џералдин, Рангиора, Оксфорд |
Составни административни единици | |
Имиња: | Крајстчерч Хурунуи Каикоура Ешбартон Тимару Мекензи Селвин Ваимате Ваимакарири Ваитаки |
Мреж. место: | http://www.ccc.govt.nz http://www.hurunuidc.govt.nz[мртва врска] http://www.kaikoura.govt.nz http://www.ashburtondc.govt.nz http://www.timaru.govt.nz http://www.mackenzie.govt.nz http://www.selwyn.govt.nz http://www.waimatedc.govt.nz http://www.waimakariri.govt.nz http://www.waitaki.govt.nz |
Географија
уредиКантербери е најголемиот регион во Нов Зеланд, со површина околу 42,200 км2. Ограничен е со реката Конвеј на север и Јужните Алпи на запад. Јужно границата му ја дефинира реката Ваитаки.
Регионот се дели на Северен Кантербери (северно од реката Ракаиа), Среден Кантербери (од реката Ракаиа до реката Рангитата) и Јужен Кантербери (јужно од реката Рангитата). За многу цели Јужен Кантербери се смета за посебен регион, со седиште во градот Тимару.
Вински региони во Кантербери
уредиКантербери има две главни вински области. Овие се Ваипара и околината на Крајстчерч, која обично се нарекува едноставно Кантербери. Во последно време сортни вина се прават и појужно во Куроу.
Во Кантербери доминира белото вино како from Ризлинг, Совињон Бланк, Шардоне, Гевурцтраминец, и во помала мера Пино Бланк и Пино Гри. Сортата Пино Ноар успева во областа, особено во Ваипара.
Извори
уреди- rulers.org (англиски)
- An Encyclopaedia of New Zealand, edited by A. H. McLintock, 1966
- Совет на град Крајстчерч (англиски)
- Регион Кантербери на Ризницата ?