Национален музеј на историјата на Украина во Втората светска војна

Национален музеј на историјата на Украина во Втората светска војна (украински: Національний музей історії України у Другій світовій війні, е меморијален комплекс кој се наоѓа во Киев, Украина.

Национален музеј на историјата на Украина во Втората светска војна
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Основан9 мај 1981
МестоЛаврская ул. 27, Киев, Украина
ДиректорИван Ковалчук
Мреж. местоwww.warmuseum.kiev.ua

Музејот се преселил на двапати пред да заврши на денешната локација, каде свечено бил отворен на 9 мај 1981 година од тогашниот советски водач. На 21 јуни 1996 година, музејот добил статус на национален со посебен декрет кој бил потпишан од страна на Леонид Кучма, претседател на Украина.

Овој музеј е еден од најголемите музеи во Украина, со над 300.000 експомати. Во централниот дел се наоѓа статуа висока 62 метри. Музејот е посетен од страна на 21 милион жители.

Комплексот опфаќа површина од 10 хектари, и се наоѓа на еден рид со поглед кон реката Днепар. Во еден од објектите се прикажани оружјата кои биле користени од страна на советската армија во времето на Втората светска војна. Скулптурите ја отсликуваат храбрата одбрана советската граница во 1941 година против германската инвазија во регионот, нацистичката окупација, партизанската борба и Битката кај реката Днепар.