Национален музеј на жртвите од Гладомор (Киев)
Националниот музеј на жртвите од Гладомор (украински: Національний музей Меморіал пам'яті жертв голодоморів в Україні) е музеј кој се наоѓа во Киев, Украина во близина на манастирските пештери. Комплексот е посветен на годините на глад од 1932 до 1933 година во Украина, како и од 1921 до 1923 година.
Музеј на жртвите од Гладомор Меморіал пам'яті жертв голодоморів | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Киевско-печерска лавра, Киев |
Земја | Украина |
Почната | 2008-2009 |
Нарачател | Виктор Диденко |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Анатолиј Гајдамаки Јуриј Ковалев |
Овој комплекс бил изграден во 2008 година. Музејот бил основан по наредба на кабинетот на украинските министри. Комплексот е дело на националниот уметник на Украина, Анатолиј Гајдамаки и архитектот Јуриј Ковалев.
Во 2010 година, музејот добил статус на национален споменик.