Национален дендролошки парк „Софијивка“

48°45′51″N 30°14′37″E / 48.76417° СГШ; 30.24361° ИГД / 48.76417; 30.24361

Софијин парк или Софијивка (украински: Софіївський парк, полски: Zofiówka) – ботаничка градина (арборетум) и научно-истражувачки институт на Националната академија на науките на Украина.

Софијивка
Софіївкa
Национален дендролошки парк
План на паркот
Земја Украина
Област Черкаска Област
Урбани области Уман
Знаменитости Пештера "Печурка", Ружина градина, Англиска градина, Водопад
Езера Долен Рибник, Женевско Езеро
планина Кавкаска Планина
Градба Градба на научна уметност
Река Река Камјанка, Река Акеронт
Координати 48°45′51″N 30°14′37″E / 48.76417° СГШ; 30.24361° ИГД / 48.76417; 30.24361
Површина 1,79 км2
Растенија Taxodium, Смрча, Liriodendron tulipifera, Ginkgo biloba, Platanus
Дендролошки парк 1991
 - Споменик 1929
 - Главно школо за градинарство 1859
 - приватен парк 1796
Раководство Национална академија на науките на Украина
 - местоположба Киев
Посетители 500
IUCN категорија IV - Животна средина/раководство со видови
Автор Лудвик Мецел
Прв сопственик Станислав Потоцки
Препознатливост Седум чуда на Украина
Портал: www.sofiyivka.org.ua

Паркот е сместен во северниот дел на градот Уман, Черкаска Област во средишна Украина, во близина на реката Камјанка. Некои подрачја на паркот потсетуваат на англиска градина. Денес паркот е популарно место за рекреација, годишно го посетуваат 500 000 посетители.

Паркот го основал полскиот благородник Станислав Потоцки во 1796 година и го именувал по својата жена, Гркинка, која се викала Софија Потоцка. Софијивка е убав симбол на градинарскиот дизајн од почетокот на XIX век. Во паркот има повеќе од 2 000 дрвја и грмушки (локални и егзотични) меѓу кои се таксодиум, платани, гинко, и многу други.

Во 1985 година малата планета #2259 е наречена „Софијивка“ според овој парк.

Софијиниот парк е на списокот на „Седумте чуда на Украина“, седумте најпосетувани знаменитости од историја на Украинаукраинската историја.

Галерија

уреди
Софијивка