Находка
Находка (руски: Находка) е град во Русија во Приморска Покраина. Според пописот на население од 2010 година во градот живееле 159.695 жители.
Nakhodka Находка | |||
---|---|---|---|
Град[1] | |||
Поглед од Накхотка | |||
Местоположба на Nakhodka
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
| |||
Држава | Русија | ||
Федерален субјект | Приморски крај[1] | ||
Основан во | 1864 | ||
Градски статус од | Мај 18, 1950 | ||
Управа | |||
• Leader | Олег Колиадин | ||
Надм. вис. | 8 м | ||
Население (попис 2010)[2] | |||
• Вкупно | 159.719 | ||
• Ранг | 110 во 2010 | ||
Час. појас | [3] (UTC+10) | ||
Поштенски бр.[4] | 690890, 692900–692906, 692909–692911, 692913, 692914, 692916–692924, 692926, 692928–692930, 692939–692941, 692943, 692952–692954, 692956 | ||
Повик. број. | +7 4236 | ||
Мреж. место | nakhodka-city.ru |
Находски Залив, каде се сместил денешниот град, го открила руската корвета во 1859 година, барајќи засолниште поради бурата која надоаѓала. Според тоа, името на градот Находка на руски јазик означува „откритие“.
До 1950 година, тоа било мало рибарско место. Сето тоа се сменило кога советската влада го сменила статусот на Владивосток, одлучувајќи да има база таму во која ќе биде сместена руска тихоокеанска флота. Владивосток бил затворен за странци и странски бродови. Така, од 1950 до 1991 година, Находка бил главното пристаниште на Русија на Далечниот Исток.
Градот Находка брзо растел. Бројните згради во него датираат од 50-ти години на минатиот век, кога јапонските воени заробеници биле користени како принудна работна снага за изградба на стамбени згради за работниците кои работеле на пристаништето. Економијата на градот се засновала на пристаништето и сродните активности, како што се преработка на риба и конзервирање. Во овој период, Находка процветал. Врвот бил во 1970-ти и 1980-ти, кога градот бил добро одржуван, бидејќи тоа било единственото руско пристаниште на Далечниот Исток отворено за странци. Исто така, градот служел како источен терминал за патничкиот дел од Транссибирската железница.
Со отворањето на Владивосток за странци, за Находка започнало лошо време, бидејќи го изгубила првичното значење. Девалвацијата на руската рубља како резултат на азиска економска криза во 1998 година ѝ зададе уште поголем удар на Находка. Економското закрепнување настанува откако централната влада во Москва и покраинската влада во Владивосток одлучија да ја отворат областа за странски инвестиции, прогласувајќи ја Находка за слободна економска зона. Според пописот на население во 2010 година, во градот живееле 159.719 жители.
Население
уредиСпоред прелиминарните податоци од пописот, од 2010 година, во градот живеело 159.695 житела, 10.869 (7,30%) повеќе од 2002 година.
Партнерски градови
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеRef130
. - ↑ Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.
- ↑ „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
- ↑ Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеRef858
.
Надворешни врски
уреди„Находка“ на Ризницата ? |