Наум Багалов
Наум Трпов Багалов бил деец на ВМОРО.
Животопис
уредиНаум Багалов е роден во костурското село Д'мбени на 30 ноември 1882 година. Во 1901 година влегол во ВМОРО на многу рана возраст. Зема учество во Илинденското востание со д'мбенската чета, во која чета тој е најмладиот. Потоа е дел од заедничките чети на Лазар Поп-Трајков и Иван Попов. За време на востанието учествува активно во дејствата на заедничките костурски и лерински чети во Вич и Врбица. Потоа учествува во Мариово. Учествува во три судири, заедно со четите на Толе Паша, Дедо Кољо, Пере Тошев и Пандо Сидов, при што им даваат отпор на Османлиите, при што во судирите кај селото Чаниште тој бил ранет во левото рамо. Во 1908 година со четите на Христо Цветков и Пандо Сидов ги обиколуваат Костенаријата, Билишта, Корча, Ресен, Битола и Лерин. По војните се преселил во САД, во Индијана, каде бил член на МПО. Починал на 1 август 1955 година.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ . Живитѣ илинденски борци. // Илиндень 1903 - 1953. Published by the Macedonian Tribune, 1953. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Пелтеков, Александър Г. Революционни дейци от Македония и Одринско. Второ допълнено издание. София, Орбел, 2014. ISBN 9789544961022. с. 35-36. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)