Науел Уапи (езеро)

Науел Уапи (шпански: Lago Nahuel Huapi) — ледничко езеро во езерскиот крај на северна Патагонија помеѓу покраините Рио Негро и Неукен во Аргентина.

Науел Уапи
Lago Nahuel Huapi
Поглед на езерото од градот Барилоче
ПодрачјеПатагонија
Координати41°05′25 S°71′20
Главни истециЛимајска Река
Сливни земји Аргентина
Најг. ширина10,2 км км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
529 км2 км2
Прос. длабочина157 м м
Најг. длабочина438 м со можеби подлабоки места м
Брег357 км км
Надм. височина765 м м
ОстровиВикторија
Населени местаСан Карлос де Барилоче
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Местоположба

уреди

Езерото се наоѓа во истоимениот национален парк „Науел Уапи“ и има површина од 529 км2, и лежи на надморска висина од 765 м. Максималната измерена длабочина од изнесува 438 м. Од езерото истекува Лимајската Река.

Езерото има кристално чиста вода и има просечна површинска температура од 7 °C. Најпопуларен спорт е кајакарството.

„Науелито“

уреди

Во почетокот на XX век, според домородните легенди во езерото постои гигантско суштество кое живее во длабочините. Чудовиштето локално е познато под името „Науелито“. Според кажувањата, тоа е слично на Неси и Изгубениот свет[1].

Месните жители од народот Мапуче го нарекуваат „ел Куеро“ (кожа) поради неговата мазна кожа. Соседното Лакарско Езеро е исто така познато како дом на друго чудовиште, слично на плесиосаурус, кое според домородците е „морска крава“ заби по целото тело.

Членовите на Зоолошката градина во Буенос Аирес при посетата на езерото во 1922 се обиделе да го пронајдат суштеството, но не нашле никакви докази.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди