Науелито
Науелито (англиски: Nahuelito) е езерско чудовиште кое наводно живее во езерото Науел Уапи во Аргентина. Како и Чудовиштето од Лох Нес, оваа суштествое опишувано е како големо змијолико суштество. Постојат неколку фотографии кои наводно го прикажуваат ова суштество.[1]
Подрачје | Аргентина |
---|---|
Живеалиште | Науел Уапи, Патагонија |
Историја
уредиПриказните за оваа суштество датираат од првите децении на XX век. Од 1922 година во зоолошката градина во Буенос Аирес се обидувале да докажат дека праисториското суштество плесиосаур живее во езерата на Патагонија.[2][3]
На 17 април 2006 година, локалниот весник „Ел Кордиљерано“ известил дека анонимен фотограф испратил две фотографии кои наводно го прикажуваат ова суштество. Анонимниот испраќач напишал: Тоа не е превртено стебло. Тоа не е бран. Науелито го покажало своето лице. Езеро Науел Уапи, сабота 15 април, 9 час. Јас не давам свои лични податоци за да ги избегнам идните главоболки.[4]
Наводи
уреди- ↑ Chorvinsky, Mark. „NAHUELITO, PATAGONIAN LAKE MONSTER“. NESSIE and Other Lake Monsters. strangemag.com. Посетено на 5 јануари 2010.
- ↑ The Plesiosaur at Laguna Negra
- ↑ The Patagonian Plesiosaur – Photographs
- ↑ „Breaking News: Nahuelito Photographed“. Cryptomundo. Посетено на 5 јануари 2010.