Педесетта македонска дивизија

(Пренасочено од 50 Македонска дивизија)

Педесеттата македонска дивизија на НОВЈ била формирана на 17 септември 1944 година во селото Митрашинци кај Берово.[1] При основањето, во нејзин состав влегле: Четвртата, Тринаесеттата и Четиринаесеттата македонска бригада. Во првата половина на октомври 1944 година, во нејзиниот состав влегле и Деветнаесетта македонска ударна бригада и Артилериската бригада, а Четвртата бригада влегла во состав на 51-та македонска дивизија.

Педесетта македонска дивизија
Формирање на 50-та македонска дивизија во селото Митрашинци, септември 1944 година
Активна17 септември 1944 – декември 1944
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Кирил Михајловски
Извештај од штабот на 50-та дивизија до главниот штаб на Македонија, во врска со формирањето на 4, 13, и 14 бригада - фотокопија (26 септември 1944 г.)

Команден состав

уреди

Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]

Политички комесари биле:

Борбени дејства

уреди

Во состав на Брегалничко-струмичкиот корпус, оваа бригада учествувала во борбите против германските единици на патот Валандово-Струмица-Берово. Ги ослободила Берово и Пехчево на 13 октомври, Кочани на 22 октомври, селата во долината на реката Брегалница и Штип на 8 ноември, и Свети Николе на 9 ноември.

Во текот на борбите за ослободување на Скопје, дивизијата водела борби кај хидроцентралата Матка, а потоа го ослободила и Тетово на 19 ноември 1944 година. На 6 декември 1944 година, била расформирана, а борците биле распределени во останатите македонски воени единици. Со реорганизацијата, 51 македонска дивизија била преименувана во 50 македонска дивизија, со што го зела формациското место на веќе укинатата дивизија.

Литература

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 182-184