Наполеон ги преминува Алпите

Наполеон ги преминува Алпите (француски: Bonaparte franchissant le Grand-Saint-Bernard, т.е. „Наполеон го преминува превојот Гран-Сен-Бернар“ ) — позната слика масло на платно насликана во 1801 година од тогаш најголемиот и највлијателен неокласичен сликар, Жак-Луј Давид. Оваа слика е нарачана од Карло IV Шпански, а во времето кога Жак-Луј Давид сликал, тој бил најважниот сликар во Франција. Откако ја испратил Француската револуција, го следел Наполеон, воодушевен од неговото зрачење херојство. Имено, Наполеон тогаш имал само 28 години и веќе бил почитуван генерал кој веќе двапати ги победил Австријците во Италија за само пет години. Иако Наполеон одбил да позира за сликата, тој му ја испратил на сликарот својата униформа што ја носел во битката кај Маренго. Тој, исто така, ја изразил својата желба да биде насликан „смирен на хировит пастув“ наместо да биде прикажан со извадена сабја како што предложил Давид. Во духот на неговото сликарство, Давид го насликал крајно идеализирано.

Наполеон ги преминува Алпите
Творец Жак-Луј Давид
Година 1801
Димензии 261 см × 221 см
Место Дворец Малмезон, Риеј-Малмезон
Верзија со црвена наметка во австриската галерија Белведере

Наполеон е претставен како романтичен херој на потпрен коњ обвиен во огнена пелерина. Во реалноста тој патувал на магаре облечен во неугледен сив капут.[1] Иако е целосно неокласично по јачината на линиите, оваа слика има барокна драматична дијагонална композиција, што создава романтичен впечаток. Дијагоналната композиција го претпоставува моментот кога Наполеон ѝ наредил на својата војска да напредува преку падината, но на сликата тој гледа во нас набљудувачите како да нè кани да го следиме. Во исклучителната пропагандна слика што била создадена, Наполеон се поврзува со Ханибал и Карло Велики, кои исто така ги преминале Алпите со својата војска, ласкајќи му на Наполеон, Давид ги изгравирал имињата на овие тројца војсководци на камен во левиот агол на сликата.[2] Оваа оригинална слика со жолта наметка Наполеон дал да се умножи многу пати со различна боја на наметката (Австриска галерија Белведере, Музеј на историја на уметност во Виена, итн.). Кога Наполеон бил свргнат од власт во 1814 година, Давид се преселил во Брисел, каде што починал во 1825 година.

Наводи

уреди
  1. 30,000 Years of Art: The story of human creativity across time and space, Phaidon Press Inc., 2007., New York, str. 852. ISBN 978-0-7148-4789-4
  2. Marilyn Stockstad, Art History vol. 2, Pearson Education Ltd., 2005., New Jersey, str. 951. ISBN 0-13-145527-13 Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN.

Надворешни врски

уреди
  • Dominique-Vivant Denon, Vivant Denon, Directeur des musées sous le Consulat et l’Empire, Correspondance, 2 vol., Réunion des Musées nationaux, Paris, 1999.