Терористички напади од 11 септември 2001 година

Терористичките напади од 11 септември 2001 биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда. Терористичката група се состоела од вкупно 19 учесници од арапските земји, од кои повеќето биле од Саудиска Арабија. Тие, управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, се урнале во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон. Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите во Њујорк, после што и двете кули се урнале, по нив и две соседни згради, а уште три згради биле тешко оштетени.

Кулите-близначки од Светскиот трговски центар горат брзо по ударот на авионот на Јунајтед ерлајнз УА175 во јужната кула (десно). Претходно авионот на Американ ерлајнз АА11 удри во северната кула (лево).
Пентагон во пламен, непосредно по ударот од авионот АА77. Подоцна овој дел од зградата се урнал.

Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати. Во овој збир не се вклучени загинатите 19 терористи.

Терористичките напади предизвикале огромни економски штети: отштетните побарувања од осигурителните компании достигнале вкупен износ од 20,7 милијарди УСД, а акциите на њујоршката берза изгубиле во вредност 1,2 трилиони долари.

Политичките ефекти биле што повеќето земји донеле нова легислатива за борба против тероризмот, а САД заедно со своите сојузници објавиле Војна против теророт. Во рамките на оваа војна, преземени се широки воени, полициски и разузнавачки мерки за апсење и уништување на познатите терористички групи ширум светот, како и воено освојување на земји кои го поддржувале тероризмот - како Авганистан и Ирак.

Хронологија

уреди

Утрото на 11 септември 2001. 19 терористи поврзани со Ал-Каеда, речиси едновремено, киднапирале 4 авиони на комерцијални летови:

Терористите намерно одбрале за киднапирање големи авиони кои биле тргнати на подалечни одредишта, и поради тоа полни со гориво, секој со по околу 90.000 литри. Во секој од авионите имало барем по еден грабнувач кој имал пилотска обука. Терористите го убиле екипажот со мали скалпери, и го презеле управувањето во авионите.

Управувајќи ги авионите, терористите во многу краток временски интервал ги урнале во нивните цели:

  • АА11 се урнал во северната кула од Светскиот трговски центар во 8:46:30 по месно време;
  • УА175 се урнал во јужната кула од Светскиот трговски центар во 9:02:59;
  • АА77 се урнал на Пентагон во 9:37:46; и
  • УА93 се урнал во поле во државата Пенсилванија, по борба меѓу патниците и терористите,[1] во 10:03:11, а веројатно терористите имале намера да го урнат врз Конгресот на САД во Вашингтон.[2]

Човечки жртви

уреди

Во уривањето на Светскиот трговски центар загинале 2.603 лица. Сите патници и екипажи во четирите авиони загинале, вкупно 246. Од ударот и пожарот во зградата на Пентагон загинале 125 лица. Уште 24 лица се исчезнати и се сметаат за загинати. Со ова, вкупниот број на загинати е 2.998, не сметајќи ги и загинатите 19 терористи.

Жртвите во најголем дел биле граѓани на САД, а останатите се од 79 други земји.

Според подоцнежната истрага, околу 16.000 луѓе биле во опасната зона на Светскиот трговски центар во моментот на нападите. Околу 92% од нив навремено се евакуирале и преживеале.[3]

Терористи

уреди

Групата се состоела од 6 организатори, меѓу кои биле и четирите пилоти. Сите грабнувачи биле добро образувани возрасни мажи. Во групата 15 биле од Саудиска Арабија, двајца од Обединети Арапски Емирати, еден од Египет и еден од Либан. Постојат сомневања дека во нападите требало да учествуваат вкупно 27 терористи, но дека некои од нив не успеале да влезат во САД.[3]

Tеорија на заговор

уреди

Занимливо е дека наши бројни политички аналитичари дури и оние потполно независни го прифаќаат ова како званична верзија па и понатаму го форсираат како права вистина за настаните од 11 септември. Американскиот конгрес, меѓутоа и после 10 години и понатаму избегнува и да ги изнесе во јавноста деталите околу злосторството правдајќи се со законската одредба (Патриотскиот закон) за да се откријат некои од детаљите што ја загрозија националната безбедност на Соединетите Американски Држави. Ниту обвинителството не покренува процес против виновниците за пропустот, а медиумите пред сè оние највлијателните, упорно ја форсираат приказната за Ал Каеда и Осама Бин Ладен. Но незванични истражувачи сепак тераат по свое па така веќе се објавени на десетина книги и формирани се десетина сајтови каде што се изнесуваат несоборливи докази за тоа дека претседателот Буш и неговите најблиски соработници - го лажат сопствениот народ и манипулираат со податоците. Докази дека кулите се демолирани со контролирана експлозија и дека зад терористичките напади стојат кртови во самата влада и во службите на ЦИА, како и во кабинеот на претседателот Буш, секојдневно се зголемуваат. Како еден од главните стратези на оваа завера се наведува потпретседателот на САД, Дик Чејни. Покрај тоа, за нападот исто така се обвинува и Израел, зошто целата надворешна политика на САД веќе одамна е во рацете на ционистите и нивните лобија. Така во својата книга Д-р Алберт Пастор ги изнесува најмонструозните оптужби на сметка на ционистите. Тој се повикува на анализата на моќните ционистички кланови (кои ги водат воглавно евреи) а чии прсти допираат дури до Пентагон, ЦИА, ФБИ. Овој клан веќе стотина години ја има во раце централната американска банка (Федералните резерви). Нивната политичка тактика по д-рПасторе се заснива на начелото на прикриено војување, по пат на превара. Крајната цел освен финансиска секако е и предизвикување на тотална конфузија и хаос, па во таква глобална конфузија би се формирал Нов Светски Поредок - под нивна апсолутна контрола. А идејата за Нов Светски Поредок во една прилика ја истакна и самиот претседател Џорџ Буш сениор.

Материјални штети

уреди
 
Урнатините на Светскиот трговски центар на 17.9.2001.

Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите. Најпрво почнале да се уриваат најгорните катови, над местата на удар на авионите, а потоа од нивната тежина кулите целосно се урнале. Јужната кула се урнала во 09:59, а северната во 10:28 по месно време.

Од падот на кулите, две соседни згради исто така се урнале, а останатите 3 од комплексот на Светскиот трговски центар биле тешко оштетени и прогласени за непоправливи.

Уште неколку околни згради биле уништени или станале небезбедни за користење: Православната црква Св. Никола, зградата на Дојче банк и зградата Фитерман на Колеџот на Менхетен.

Зградата на Пентагон исто така била тешко оштетена во еден дел.

Економски штети

уреди

Терористичките напади предизвикале огромни економски штети, како од директните материјални оштетувања и човечки жртви, така и поради падот на довербата во интегритетот на економскиот и финансискиот систем на САД. Веднаш по нападите биле затворени Њујоршката берза и НАСДАК, и останале затворени дури 6 дена. Сите летови над САД биле приземјени, а меѓународните летови од и кон САД биле пренасочени. Никакви летови не биле дозволени над територијата на САД во текот на следните 3 дена.

Самите напади предизвикале отштетни побарувања од осигурителните компании во вкупен износ од 20,7 милијарди УСД.[4]

Поради падот на довербата на инвеститорите, вредноста на акциите на Њујоршката берза паднала во првиот ден од тргувањето по нападите, на 17 септември 2001., за 7,1%, а до крајот на таа недела паднала вкупно 14,3%. Американската економија со ова изгубила во вредност 1,2 трилиони долари.

Најтешко биле погодени авио-превозниците, осигурителните компании и финансиските компании. Неколку авио-компании пропаднале по нападите.[5] Туризмот во Њујорк секнал.

Светските пазари го следеле трендот во САД, и светската економија доживеала сеопшт пад. Берзите се опоравиле од овој пад и се вратиле на истото ниво од пред 11 септември после повеќе од една година.

Последици од нападите

уреди

Светот се променил по терористичките напади во Њујорк. Развиените земји почнале да обрнуваат многу поголемо внимание и да трошат повеќе средства на безбедноста и борбата против тероризмот. Во многу земји се донела нова легислатива за борба против тероризмот.[6]

САД објавиле Војна против теророт во рамките на која презеле широки воени, полициски и разузнавачки мерки за апсење и уништување на познатите терористички групи ширум светот. Во рамки на Војната против теророт, НАТО го нападнал и освоил прво Авганистан во 2001, а потоа коалиција предводена од САД го освоила и Ирак во 2003, како земји кои го поддржувале тероризмот.

Терористичките напади од 11 септември во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. „Извештај од Одборот за безбедност во сообраќајот на САД за падот на авионот УА93“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-10-07. Посетено на 2008-04-04.
  2. „Архива на ЦНН: ТВ Ал-Џезеира дава докази за нападите од 11 септември“. Архивирано од изворникот на 2006-02-20. Посетено на 2008-04-04. no-break space character во |title= во положба 59 (help)
  3. Отиди кај: 3,0 3,1 Извештај на истражната „Комисија 9/11“
  4. „Swiss Re statistics“ (PDF). Swiss Re. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-08-09. Посетено на 2008-04-05.
  5. Bhadra, Dipasis; Pamela Texter (2004). „Airline Networks: An Econometric Framework to Analyze Domestic U.S. Air Travel“. U.S. Department of Transportation. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2006-09-08.
  6. Коментари за законот за прислушување во САД, Вашингтон Пост, 4.1.2006
  7. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 326.

Надворешни врски

уреди

Мултимедија

уреди

Споменици

уреди