Секунда (латински: secunda: друга; симбол s, с) — единица за време и една од седумте основни единици во SI.[1][2] Се дефинира како траење од 9.192.631.770 периоди на зрачење што одговара на преминот меѓу две хиперфини нивоа на основната состојба на атомот на цезиум 133 на нула Келвинови степени.[1][3] Дефиницијата е усвоена на „13. Општа конференција за мерки и тегови“ во 1967 година. Називот потекнува од поделбата на саатот и степените на помали делови (лат. pars minuta secunda: втор помал дел).[4]

секунда
Саат со клатно (механички саат) кој се занишува на една секунда
Информации за мерката
Мерен системОсновни SI-единици
Единица завреме
Ознакаs 
Пулсирање во траење од една секунда.

Во споредба со поголемите мерни единици за мерење на времето:

За мерење на временски интервали пократки од секунда се користат помали мерни единици: милисекунда (ms), микросекунда (μs), наносекунда (ns) итн. чиј износ је одреден со претставка пред основната единица секунда.

Своевремено секундата била дефинирана како 86 400-ти дел од средниот Сончев ден, а потоа како одреден дел од тропска година.[5]

Историја

уреди

Историски, секундата е дефинирана во врска со ротацијата на Земјата како 1/86.400 од просечен сончев ден.[6] Во 1956 година Меѓународниот комитет за тегови и мери, со дозвола која ја добил од десеттата Генералната конференција за тегови и мери во 1954 година, ја дефинирал секундата во однос на периодата на револуција на Земјата околу Сонцето за одредена епоха, затоа што станало препознатливо дека Земјината ротација околу својата оска не е доволно зачестена како стандард за време. Земјиното движење било опишано во Њукомови табели на Сонцето, што дава формула за движењето на Сонцето во епохата 1900 заснована на астрономските посматрања извршени во текот на осумнаесеттиот и XIX век. Заради тоа секундата е дефинирана како[7][8]

1/31.556.925,9747 од тропска година за 0 јануари 1900 во 12 часот ефемерно време.

Оваа дефиниција била ратификувана на единаесеттата Генерална конференција за тегови и мери во 1960 година. Користењето на 1900 година не значи дека ова е епохата каде просечниот сончев ден трае 86.400 секунди. Тоа е повеќе, епоха каде тропската епоха трае 31.556.925,9747 секунди ефемерно време. Ефемерното време е дефинирано како мера на времето кое ги доведува посматраните позиции на небесните тела во склад со Њутновата динамична теорија на движењето.

Со развојот на атомскиот часовник, одлучено е тој да се користи како основа за дефиниција на секундата, а не ротацијата на Земјата.

После неколку години работа, двајца астрономи од Американската морнаричка опсерваторија (USNO) и двајца астрономи од Националната физичка лабораторија (Тедингтон, Англија) утврдиле врска меѓу честотата на хиперфин премин на цезиумов атом и ефемерна секунда. Користејќи обични методи на мерење засновани на примените сигнали од радиостаница, то утврдиле орбиталното движење на Месечината околу Земјата, од што можело да се заклучи очигледното движење на Сонцето во врска со врмето како што мери атомскиот часовник. Како последица, во 1967 година, Генералната конференција за тегови и мери ја дефинирала секундата на атомско време во Меѓународниот систем на мерни единици како

траење од 9.192.631.770 периода на зрачења кое одговара на преминот меѓу две хиперфини нивоа на основната состојба на атомот на цезиум 133.

Основната состојба се дефинира на нула магнетно поле. Така дефинираната секунда е еквивалентна на ефемерната секунда.

Дефиницијата на секундата е подобрена на состанокот на Меѓународниот комитет за тегови и мери во 1997 година, со вклучување на:

Оваа дефиниција се однесува на цезиумов атом на температура од 0 K.

Во пракса тоа значи дека многу прецизна реализација на секунда треба да ги компензира ефектите од амбиенталното зрачење со цел да се екстраполира вредноста на секундата како што е дефинирано погоре.

Помали единици од секундата

уреди
  • Милисекунда е СИ изведена единица за време еднаква на една илјадинка од секундата.
  • Микросекунда е СИ изведена единица за време еднаква на еден милионити дел (10−6) од секундат. Често се користи за мерење на атомски и хемиски реакции, кои нормално се случуваат во мали временски периоди. Нејзин симбол е µs.
  • Наносекунда е СИ изведена единица за време еднаква на 10−9 од секундата.
    • Ретко се користи во секојдневната употреба. Меѓутоа е многу честа во техниката, особено во телекомуникациите, кај пулсирачките ласери и во некои области на електрониката.
    • Во 1 ns, светлината поминува точно 29,9792458 cm во вакуум (преку дефиницијата на метар). Но брзината на светлината е побавна во други средини, што го покажува показателот на прекршување поголем од 1. Заради тоа во воздухот (1,003), светлината патува со брзина од околу око 29,89 cm во една наносекунда, но затоа пак само 22,54 cm во вода (1,33).
  • Пикосекунда е СИ изведена единица за време еднаква на 10−12 од секундата, или еден билионити дел (т.е. милион милиони) од секундата.
  • Фемтосекунда е СИ изведена единица за време еднаква на 10−15 од секундата.
    • Брановите на видливата светлина осцилираат со период од околу 1 фемтосекунда.
  • Атосекунда е СИ изведена единица за време еднаква на 10−18 од секундата.
    • Најкратко досега измерено време (февруари 2004 година) е 100 атосекунди.[9]
  • Зептосекунда е СИ изведена единица за време еднаква на 10−21 од секундата.
  • Јоктосекунда е СИ изведена единица за време еднаква на еден квадрилионит (10−24) дел од секундата.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Unit of time (second)“. SI Brochure. BIPM. Посетено на 22 декември 2013.
  2. Second. Merriam Webster Learner's Dictionary.
  3. „Base unit definitions: Second“. physics.nist.gov.
  4. „Online Etymology Dictionary“.
  5. Sekunda, [1] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2015.
  6. Toomer, G. J. (1998). Ptolemy's Almagest. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. стр. 6–7, 23, 211–216. ISBN 978-0-691-00260-6.
  7. BN Taylor; A Thompson, уред. (2008). „Appendix 2“. 2_s_en.pdf The International System of Units (SI) Проверете ја вредноста |url= (help) (PDF). NIST Special Publication. 330. стр. 53ff. Посетено на 25 август 2014.
  8. „NRC's Cesium Fountain Clock - FCs1“. National Research Council of Canada. Архивирано од изворникот на 2013-11-20. Посетено на 29 ноември 2013.
  9. (BBC News)

Надворешни врски

уреди