Нада Зекманова-Јакимова
(Пренасочено од Нада Зекманова Јакимова)
Нада Зекманова Јакимова — македонски писател за деца.
Животопис
уредиНада Зекимова Јакимова е родена во Скопје на 2 јуни 1917 година. Завршила Учителска школа во Скопје и работниот век го минала како просветен работник. Член на ДПМ од 1972 година. Автор е на книгите: Лет на Марс (раскази, 1972), Пролетни сказни (раскази, 1975), Новиот учител (раскази, 1981), Волшебна насмевка (раскази, 1983).[1]
Починала во октомври 2002 година.[2]
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 105.
- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 568. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |