НЕ врата
ВЛЕЗ | ИЗЛЕЗ |
0 | 1 |
1 | 0 |
НЕ врата (инвертор) или НЕ коло, НЕ капија (англиски: NOT gate) – дигитална логичка врата чиј излез ја следи таблицата на вистинитост прикажана на десната страна. На излезот се јавува логичка единица „1“ само кога состојбата на влезот е логичка нула „0“, а на излезот се јавува логичка нула „0“ кога на влезот состојбата е логичка единица „1“.
Значи излезот ја „негира“ или инвертира состојбата на влезот и оттаму името НЕ врата или инвертор.
Математичко-логичко разгледување
уредиМоже да се каже дека НЕ вратата извршува функција на логичка негација. Подетално разгледување може да се види на „Логичка негација “
Симболи
уредиПостојат 2 симбола за НЕ врата, обичен („воен“, „американски“) и правоаголен (ИЕЦ).
Основна компонента
уредиИнверторот се смета за основен блок во дигиталната електроника. Мемории, мултиплексери, декодери и други склопови функционално се засноваат на инверторот.
Хардверски опис и распоред на пиновите
уредиНЕ вратите постојат во ТТЛ и Технологија на комплементарни метал-оксидни полуспроводници изведби како интегрално коло.
Пример на шесткратна НE врата во дигитална ЦМОС технологија е дадена на сликата.
- ЦМОС НЕ кола:
- 4009, 4049: шесткратна НЕ врата
- ТТЛ НЕ кола:
- 7404: шесткратна НЕ врата
- ХЦМОС НЕ кола:
- 74ХЦ04: шесткратна НЕ врата
Замена
уредиАко нема достапно НЕ коло, може да се земе едно од универзалните логички кола НИ или НИЛИ кола и влезовите кратко да им се спојат. Со тоа се добива инвертор со еден влез.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„НЕ врата“ на Ризницата ? |