Декодер
Декодер – уред кој работи спротивно од кодерот, т.е. го „врти“ кодирањето за да се добие првобитната информација. Вообичаено се користи обратен метод, т.е. инверзна функција од кодирањето.
Во дигиталната електроника, декодерот би бил логичко коло со повеќе влезови и излези кое ги претвора кодираните влезови во кодирани излези, со тоа што влезните и излезните кодови се различни. Многу е чест случајот на декодирање n во 2n. За секоја комбинација на влезните битови, само еден излез има вредност додека сите останати имаат вредност 0. Ако на декодерот му се додаде влез со име ENABLE кој дава можност сите И кола да се затворат со EN=0, тогаш со комбинација на декодери со помал број на излези може да се градат декодери со повеќе излези.
Во поопшта смислам декодирањето може да биде и процес кој го извршува софтвер, но секогаш поврзан со претходниот процес на кодирање, а го извршува програм кој една низа битови ги пресликува во друга низа битови (првобитна, како што изгледала пред процесот на кодирање).
Наједноставно декодерско коло би било И логичко коло, со оглед дека неговиот излез 1
(висок) единствено кога и неговиот влез е 1
.
Малку е посложен декодерот кој извршува бинарно декодирање n во 2n. Ваков вид декодер е комбинаторно коло за претворање на бинарна информација составена од n кодирани влезови во само еден од најмногу 2n излези.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |