НИЛИ врата
ВЛЕЗ A B |
ИЗЛЕЗ A НИЛИ B | |
0 | 0 | 1 |
0 | 1 | 0 |
1 | 0 | 0 |
1 | 1 | 0 |
НИЛИ врата, НИЛИ коло или НИЛИ капија (англиски: NOR gate) – дигитална логичка врата чиј излез ја следи таблицата на вистинитост прикажана на десната страна. На излезот се појавува логичка единица „1“ само ако двата влеза се во состојба на логичка нула „0“.
НИЛИ вратите се универзални (заедно со НИ вратите) бидејќи сите функции на Буловата алгебра можат да се извршат со НИЛИ врати. На пример, логичката ИЛИ функција се постигнува со спојување други НИЛИ врати на кои кратко им се споени влезовите (па работат како НЕ врата (инвертор)) на излезот на првите НИЛИ логички врати.
СимболиУреди
Постојат 2 симбола за НИЛИ коло, обичен („воен“, „американски“) и правоаголен (ИЕЦ).
Хардверски опис и распоред на пиновитеУреди
НИЛИ вратата е основна логичка врата и како таква постои во ТТЛ и Технологија на комплементарни метал-оксидни полуспроводници изведби како интегрално коло.
Пример на четирикратна НИЛИ врата во дигитална ЦМОС технологија е дадена на сликата. Двата слободни пина се користат за напојување на интегралното коло.
- ТТЛ НИЛИ кола:
- 7402: четирикратна НИЛИ врата со по 2 влеза
- 7427: трикратна НИЛИ врата со по 3 влеза
- ХЦМОС НИЛИ кола:
- 74ХЦ02: четирикратна НИЛИ врата со по 2 влеза
- 74ХЦ27: трикратна НИЛИ врата со по 3 влеза
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
„НИЛИ врата“ на Ризницата ? |