ВЛЕЗ
A   B
ИЗЛЕЗ
A И B
0 0 0
0 1 0
1 0 0
1 1 1

И врата, И коло или И капија (англиски: AND gate) – основна дигитална логичка врата која извршува логичка конјункција, нејзиниот излез ја следи таблицата на вистинитоста прикажана на десната страна. Логичка единица „1“ се добива само ако двата влеза се во состојба на логичка „1“.

Едноставен пример на логичката функција И се 2 прекинувачи сериски споени со батерија и светилка во струјно коло. Само ако и двата прекинувачи се вклучени (логичка „1“), струјата може да тече.

Математичко-логичко разгледување

уреди

Видете ја статијата Логичка конјункција.

Симболи

уреди

Постојат 3 симбола за И коло, обичен („воен“, „американски“), европски или правоаголен (ИЕЦ) и ДИН симбол.

     
Обичен И симбол (воен, американски) Правоаголен или европски симбол ДИН симбол

И вратата со влезови A и B и излез C го извршува логичкиот израз  .

Изведби

уреди
 
И коло изведено со диоди
 
И коло изведено со транзистори
 
NMOS И коло

Вообичаено И колото се дизајнира со N-канален (на сликата) или P-канален Метал-оксиден транзистор со ефект на поле (MOSFET).

Алтернативи

уреди

Доколку на располагање нема И коло, истото може да се изведе од НИ или НИЛИ кола, бидејќи НИ и НИЛИ колата се сметаат за „универзални кола“,[1] што значи дека истите може да се користат за да се изведат сите други.

Барано коло Изведба со НИ кола Изведба со НИЛИ кола
     

Хардверски опис и распоред на пиновите

уреди

И колата постојат во изведба со ТТЛ и CMOS изведба како интегрални кола. На сликата е прикажан пример на четирикратни И врати со по 2 влеза во дигитално ЦМОС коло.

 
И врати во интегралното коло 4081.

Исто така постојат интегрални кола со И врати со 3 и 4 влеза.

  • 4073: Трикратна И врата со по 3 влеза
  • 4082: Двократна И врата со по 4 влеза

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Mano, M. Morris and Charles R. Kime. Logic and Computer Design Fundamentals, Third Edition. Prentice Hall, 2004. p. 73.

Надворешни врски

уреди