Мухамед Нур ел-Араби

Сејид Мухамед Нур ел-Араби(турски: Muhammed Nur'ül Arabi, (1813-1877)) суфиски мистик кој живеел во текот на 19 век.

Мухамед Нур ел-Араби
Роден 1813
Египет
Починал 1877
Струмица
Занимање суфиски мистик

Кога имал седум години заминал во Каиро, каде станал талебе на шејх Хасан ел-Кувејсни (1839). Образувањето во Џамил Езхер траело девет години (1819-1828) , неговиот хоџа шејх Хасан ел-Кувејсни одблиску се грижел за него. По наредба на шејхот заминал во Јанја. Сејид Мухамед Нур по наредба на шејх Хасан ел-Кувејсни, заминал за Румелија во 1829 година. Од Александрија најпрвин заминал во Солун, Сер, Демир Хисар, Дојран, Струмица и Кочани. За тој период негови познати ученици се биле: Ибрахим ефенди, Али ефенди, Хасан ефенди и Ахмед ефенди.

На повик од скопскиот валија Хифзи Паша, тој заминал во Скопје каде самиот валија му предложил да остане таму да живее. Така половина од годината тој живеел во Кочани, додека останатиот дел во Скопје. Во 1852 година три месеци престојувал во Битола. Починал во 1877 година во Струмица, каде се наоѓа неговиот гроб во џамијата „Сејид Нур ел-Араби“.

Надворешни врски

уреди