Џамија Сејид Нур Ел Араби - Струмица

 г. пр. н. е.

Џамија Сејид Нур Ел Араби
Поглед кон џамијата
Основни податоци
МестоСтрумица, Македонија
Припадностислам
ЕпархијаОпштина Струмица
Осветен1985
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоШтипско муфтиство
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Завршен2013
Особености
Минариња1
Висина на минарето37 метри

Џамијата Сејид Нур Ел Араби е муслимански храм кој се наоѓа во Струмица, Македонија, во т.н. Циганско маало во непосредна близина на Црквата Св. Петнаесет тивериополски маченици. Џамијата се наоѓа во составот на Штипското муфтиство, и истата го носи името на суфискиот мистик Мухамед Нур ел-Араби од XIX век.[1]

Џамијата била изградена во 1985 година, додека во текот на 2013 година била реновирена и официјално пуштена на 1 ноември 2013 година во употреба. На отворањето на реконструираната џамија присуствувал Генералниот Секретар на ИВЗ Африм Тахири и и претставници од Општина Струмица.

Наводи

уреди
  1. Алију, Џихат (15 јуни 2016). „Во Струмица посакуваат враќање на Османлиските споменици во градот“. Агенција Анадолија. Посетено на 22 септември 2021.