Музеј на Ататурк (Солун)
Музејот на Ататурк (грчки: Μουσείο Ατατούρκ) — музеј кој се наоѓа во Солун, Грција[2].
Atatürk Evi Müzesi | |
Куќата на Ататурк во Солун, дел од турскиот конзулат. | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 1953[1] |
---|---|
Место | Солун, Грција |
Тип | музеј |
Мреж. место | Турски конзулат |
Музејот се наоѓа во родната куќа на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.[3], кој е роден на ова место во 1881 година. Објектот претставува трикатна куќа со двор на улицата „Апостолос Павлос“ број 24, во непосредна близина на турскиот конзулат. Во отоманско време улица се викала „Ислахане“ и се наоѓала во населбата Коџа Касим Паша[1].
Куќата била изградена пред 1870 година, а во 1935 година грчката влада ја донирала на Турција. Дел од ентериерот е автентичен, но дел од мебелот бил префрлен од музејот Топкапи-сарај. Ѕидовите во еден од спратовите на објектот се исполнети со слики од Ататурк, од различни периоди од неговиот живот.
Во 1955 година, по тврдењата дека објектот бил нападнат и разрушен од грчките националисти, довело до големи антигрчки демонстрации и насилства во Истанбул, познати како Септемвриски погром[4].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Atatürk Evi Müzesi“ (турски). www.thessaloniki.cg.mfa.gov.tr/. Посетено на 21 April 2011.
- ↑ Μουσείο Ατατούρκ Архивирано на 19 мај 2012 г., преземено од http://www.imma.edu.gr на 9.08.2012 г.
- ↑ „Ο βίος και η πολιτεία του Μουσταφά Κεμάλ στη Θεσσαλονίκη“. www.makthes.gr. 18 април 2007. Архивирано од изворникот на 2013-02-17. Посетено на 21 април 2011.
- ↑ Holland, Robert. "The Struggle for Mastery, 4 October 1955–9 March 1956," Britain and the Revolt in Cyprus, 1954–59, Oxford: Clarendon Press, 1998, pp. 75.
Надворешни врски
уреди- www.museumsofmacedonia.gr
- www.studylanguages.org Архивирано на 9 декември 2009 г.