Моќта на совеста (хрватски: Моć savjesti) е расказ од хрватскиот писател Антун Густав Матош.

Содржина

уреди

Општинскиот писар Јосо Цицвариќ се враќа дома пијан и легнува во креветот. Тој живее во скромна соба во куќата на селскиот меанџија, а во аголот на собата се наоѓа куп стапови, кои Јосо ги собрал во текот на времето. Јосо веднаш заспива и започнува да сонува како кумот Андрија доаѓа кај него за да праша што се случило со молбата која ја доставил минатата година. По него доаѓа кумот Мато за да праша зошто неговиот син сè уште не е повикан во армијата. Потоа доаѓа една група селани, кои, исто така, прашуваат за судбината на нивните молби. Еден старец од толпата ги забележува стаповите кои им ги украл Јосо, по што селаните го опколуваат Јосо.

Тогаш се случува чудо, бидејќи стаповите се придвижуваат и на нив се појавуваат главите на сите селани кои доставиле некакви молби до Јосо. Избезумен, Јосо бега надвор од собата, но стаповите го бркаат, па тој нурнува во потокот, со цел да се спаси од нив. Потоа, тој продолжува да бега низ полето, а стаповите го следат и повремено го удираат по грбот или по главата. Бегајќи, Јосо неочекувано полетува на небото, дури до ѕвездите, но и таму го прогонуваат ликовите на селаните. Тогаш, Јосо започнува да паѓа и треснува на земјата во вид на метеор. Јосо се гледа себеси, а кога едно куче сака да го касне метеорот, Јосо му подвикнува и сите селани му се чудат. Во тој миг, Јосо наеднаш се буди од сонот. Уплашен, тој ја повикува Анка, со наредба да ги запали собраните стапови. Анката и селаните не можат да се начудат на одлуката на Јосо, а тој осум вечери по ред не пие повеќе од половина литар вино.[1]

Наводи

уреди
  1. Antun Gustav Matoš, „Моć savjesti“, во: Midhat Begić (Urednik), Antun Gustav Matoš I, Svjetlost, Sarajevo, 1962, стр. 60-68.