Мојца Злокарник
Мојца Злокарник ( словенечки Mojca Zlokarnik) е академска: сликарка и графичарка, вонредна професорка и уредничка, родена е во 1969, Љубљана, Словенија[1].
Мојца Злокарник Mojca Zlokarnik | |
---|---|
Роден(а) | 20 август 1969 Љубљана , Социјалистичка Република Словенија ,СФР Југославија |
Живеалиште | Љубљана, Словенија |
Националност | Словенка |
Занимање | графичар |
Животопис
уредиЗавршила Академија за ликовна уметност и обликување на Универзитетот во Љубљана. Во 1995 година завршила постдипломски студии кај професорката и сликарка Метка Крашовец а магистрирала графика кај професорот Лојзе Логар .Студиски престојувала во Прага, Њујорк и Париз, Бугарија, Германија[2]. Од 2001 до 2015 година била главен и одговорен уредник на познатата ликовна ревија Ликовни беседи. Денес е член на уредничкиот одбор. Напишала голем број ликовни критики, огледи, есеи, прикази, објавени во истоимената ревија[3].
Работи како предавач по ликовна теорија на Високата школа за уметност на Универзитетот во Нова Горица, на Педагошкиот факултет во Марибор и како ментор на одделот за графички техники на Меѓународниот графички центар - МГЛЦ во Љубљана.
Творештво
уредиТворештво и е реализирано во доменот на сликарството и графиката.Нејзино примарно изразно средство е бојата. Боите хармонично ги поставува во линиски систем со што обединува сликарство графички ликовен израз со кобинација на широк спектар на бои[4].
Нејзината естетика и стил припаѓаат на аналитичка апстракција, во која вметнува рефлексивна лирска расоположба. Додека во графиката истражува изразити експресивни опции[5].
Избор од самостојни изложби
уреди- 2018 - Градот на боите, копродукција со Кино Шишка, Љубљана
- 2018 - Vertigo, галерија Кресиља, Љубљана
- 2017 - Немо говорење, Дом на културата, Нова Горица
- 2016 – Место и боја, Љубљана
- 2015 – Три бои, Галерија - Кршко
- 2015 – Во чест на Фран Весел, Галеријата на ЗДСЛУ, Љубљана
- 2014 – Не плашете се, вие сте нај добри, Кибла Портал, Љубљана
- 2013 – Објект на опсервација, Галерија Мурска Собота, Мурска Собота Sobota, Murska Sobota
- 2013 – Продукција 2010-2012, МГЛЦ, Љубљана
- 2011 – Персона, галерија на институтот Јозеф Штефан
- 2009 – Блесок, галерија - Божидар Јакац, Костањевица при Крка
- 2008 – Малиот Бенарес, Хлоа, Галерија - Екурна, Љубљана
- 2007 – Малиот Бенарес , Галерија - Микловата куќа, Рибница
- 2006 - Уметничка асоцијација Ахен, Ахен Германија
- 2004 - Како да се дофати материјалното пред да се изгуби во ништото, Галерија Ложа Копер и Галерија М, Целовец, Австрија
- 2003 - Слики на хартија , Петоаголен столб, Љубљански град, Љубљана и Како да се дофати материјалното пред да се изгуби во ништото, Шовчеба куќа, Радовљица
- 2000 - Графики, Галерија - Медуза, Копер и Хартиени слики, Галерија Екурна, Љубљана
- 1999 - Галерија Библиотека на Кирил Космач, Толмин
- 1997 - Словенија + Франција, Галерија Ду Баллај, Руен, Франција и Пронајди се себеси во другиот, КУД Франце Прешерн, Љубљана
- 1996 - Галерија Куќа, Марибор
- 1994 - Капелица - Галерија K4, Љубљана
- 1993 - Гледајте ја, грабнете ја, изедете ја - сликата, Галерија Екурна, Љубљана
Награди
уреди- 2016 - Номинација за награда - Кралицата Соња за графичко творештво, Норвешка
- 2005 - Награда на Мајскиот салон, Словенија,
- 2000 - Почесно признание, 5 Меѓународно графичко триенале, Шамолиер, Франција,
- 1998 - Откупна награда, DLW Aktiengesellschaft; Bietingheim-Bissingen, Германија
- 1998 - Откупна награда, 11- то Графичко триенале, Талин,
- 1996 - Прва награда за анимиран филм - „Кршливоста на најубавите теории“, Фестивал на независни филмови и видеа, Словенија
Библиографија
уредиМојца Злокарник - „Како да се дофати материјалноста пред да се претвори во ништо“, Музеј на радовљишката општина, 2002[6].
Мојца Злокарник - Објект на опсервација“, Галерија на Мурска Собота, 2013[7].
Мојца Злокарник - Слики и графики, папербак, 1999[8].
Мојца Злокарник - Немо Говорење,Општинска галерија, Нова Горица, 2017[9].
Наводи
уреди- ↑ [1][мртва врска]
- ↑ „Zlokarnik“. Архивирано од изворникот на 2019-04-24. Посетено на 2019-04-24.
- ↑ zbirke
- ↑ Zlokarnik[мртва врска]
- ↑ BARVE[мртва врска]
- ↑ „ujeti materialnost“. Архивирано од изворникот на 2019-04-24. Посетено на 2019-04-24.
- ↑ [2]
- ↑ in grafike
- ↑ „govorjenje“. Архивирано од изворникот на 2019-04-24. Посетено на 2019-04-24.
Надворешни врски
уреди- [3] Архивирано на 7 мај 2016 г. Galerija Kopar
- [4] Архивирано на 7 мај 2016 г. Filmografija
- [5] Архивирано на 7 мај 2016 г. Galerija Kopar
- [6] Архивирано на 7 мај 2016 г. Žarenje