Мохамед Катир

шпански атлетичар

Мохамед „Мо“ Катир Ел Аузи (роден на 17 февруари 1998 г.) — шпански атлетичар на кратки и долги патеки.

Мохамед Катир
Лични податоци
Полно имеМохамед Катир Ел Аузи
НационалностШпанија Шпанец
Роден(а)17 февруари 1998(1998-02-17)(26 г.)
Ксар ел-Кебир, Мароко
Висина1.78 м
Тежина61 кг
Спорт
Земја Шпанија
СпортАтлетика
Дисциплини1500 метри, 3000 метри, 5000 метри, крос кантри
КлубПлајас де Кастељон
ТренерГабриел Љоренте

Тој освоил бронзен медал на 1500 метри на Светското првенство 2022 и сребрен медал на 5000 метри на Светското првенство 2023. Катир исто така освоил сребрен медал на 5000 метри на Европското првенство 2022. Тој е сопственик на европскиот рекорд на 3000 метри во сала.

Катир е сопственик на три државни рекорди на Шпанија (1500 м, 3000 м, 5000 м) и е двократен државен првак.

Биографија

уреди

Роден во Ксар ел-Кебир, Мароко, Мохамед Катир израснал во Мула, Мурсија, Шпанија уште од 5-годишна возраст.[1][2][3] И покрај тоа што Катир трчал како Шпанец во младинските натрпеварувања и бил победник на државното првенство на Шпанија во крос кантри трчање,[4] тој всушност добил шпанско државјанство во октомври 2019 година, по долг 4-годишен процес.[5]

Во мај 2021 година, Катир за прв пат победил на трка од Дијамантската лига, победувајќи на трката на 5000 метри во Гејтсхед. Во јуни и јули, тој соборил три долготрајни шпански државни рекорди во период од само 33 дена на трките од Дијамантската лига. Прво на 10 јуни, тој истрчал нов рекорд на 5000 метри со време од 12:50.79 во Фиренца, Италија.[6] Неколку недели подоцна, во Монако, тој поставил нов шпански рекорд на 1500 метри, завршувајќи втор зад светскиот првак од 2019 година, Тимоти Черијот, кој истрчал сопствено најдобро време во трката. Истрчаното време на Катир од 3:28.76 го рангирало како десетти најбрз атлетичар во историјата, само осум стотинки зад европскиот рекорд.[7][8] Четири дена подоцна, тој победил на 3000 метри во Гејтсехд, Обединетото Кралство со време од 7:27.64, соборувајќи го рекордот на патеката поставен од Хаиле Гебреселаси. Овој резултат го рангирал Катир на 15. место на табелата на сите времиња.[9] На крајот на годината, Катир победил на трката Сан Силвестре Валекана на 10 километри во Мадрид со нов државен рекорд, станувајќи прв домашен победник на трката по 2003 година.[10]

На Светското првенство 2022 во Јуџин, Катир го освоил својот прв медал на големите првенства, бронза на 1500 метри, со време од 3:29,90, зад Џек Вајтман и Јакоб Ингебригтсен.[11] Месец подоцна тој освоил сребрен медал на 5000 метри на Европското првенство 2022 во Минхен.[12]

На 15 февруари 2023 година, Катир поставил нов европски рекорд на 3000 метри во сала во Лијевен, Франција (на трка во која Ламеча Гирма го соборил светскиот рекорд) со време од 7:24.68, подобрувајќи го претходниот рекорд на Адел Мечал за речиси шест секунди. Неговото време било подобро дури и од европскиот рекорд на отворено на 3000 метри кој изнесувал 7:26.62.[13][14] Во август 2023 година, на Светското првенство 2023 во Будимпешта, тој освоил сребрен медал на трката на 5000 метри, заостанувајќи зад Јакоб Ингебригтсен само 0.14 секунди на целта.

Лични рекорди

уреди
Дисциплина Резултат Место Датум Рекорд
На отворено 800 метри 1:51.84 Мадрид, Шпанија 12 мај 2019
1.500 метри 3:28.76 Монако, Франција 9 јули 2021 ДР
3.000 метри 7:27.64 Гејтсхед, Обединето Кралство 13 јули 2021 ДР
5.000 метри 12:45.01 Монако, Франција 21 јули 2023 ДР,
5 километри 13:20 Малага, Шпанија 24 април 2022
10 километри 28:58 Мадрид, Шпанија 31 декември 2020
Во Сала
1.500 метри 3:34.32 Мадрид, Шпанија 22 февруари 2023
3.000 метри 7:24.68 Лијевен, Франција 15 февруари 2023 ДР,

Наводи

уреди
  1. „Mohamed Katir: "Quiero vivir del atletismo y creo que va a ser posible". La Vanguardia (шпански). 6 февруари 2021.
  2. Sáez Bravo, Lucas (15 јули 2021). „Mohamed Katir, el repentino fenómeno español del mediofondo que ya aspira al oro en Tokio: lee poesía, entrena en un descampado y su padre llegó en patera“. El Mundo (шпански).
  3. Asprón, Javier (11 јули 2021). „Mohamed Katir: melena al viento y alma de poeta“. ABC (шпански).
  4. „Mohamed Katir: el atleta que lleva esperando 3 años su nacionalidad“. Parainmigrantes. 4 март 2019.
  5. García, Dioni (29 октомври 2019). „Mohamed Katir ya es español“. La Opinión de Murcia.
  6. „Wanda Diamond League | Asics Firenze Marathon Stadium Luigi Ridolfi – 10 June 2021 | Result lists“ (PDF). Diamond League. 2021-06-10. стр. 2. Посетено на 2021-06-10.
  7. „Wanda Diamond League | Stade Louis II - Monaco (MON) – 9 July 2021 | Result lists“ (PDF). Diamond League. 9 јули 2021. стр. 2. Посетено на 2021-07-10.
  8. „Muir motors to 1:56.73 victory over 800m in Monaco“. European Athletics (англиски). 2021-07-10. Посетено на 2021-07-10.
  9. „2021 British Grand Prix Recap: Mohamed Katir (7:27) Wins Big Again, Trayvon Bromell (9.98) Back in Form in Final Diamond League Before Olympics“. LetsRun.com (англиски). 2021-07-13. Посетено на 2021-07-13.
  10. „Katir and Klosterhalfen provide the New Year's Eve highlights“. European Athletics. 2 јануари 2022. Посетено на 2 јануари 2022.
  11. «Katir devuelve el mediofondo español a la aristocracia mundial con un bronce en el 1.500». Marca, 20 јули 2022. (шпански)
  12. Fleitas, Begoña (16 август 2022). „Katir planta cara a Ingebrigtsen y cierra un año mágico con una plata en 5.000“. Marca (шпански).
  13. Henderson, Jason (15 февруари 2023). „Girma takes down Komen's world 3000m record in Liévin“. AW (англиски). Посетено на 15 февруари 2023.
  14. Rowbottom, Mike (15 февруари 2023). „European record! Katir clocks 7:24.68 for 3000m in record-breaking race in Lievin“. European Athletics (англиски). Посетено на 15 February 2023.

Надворешни врски

уреди