Мост на револуцијата

Мост на револуцијата или Мост на љубовта — мост преку реката Вардар што ги поврзува булеварите „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“ во центарот на Скопје. Изграден е во 1963 година, а комплетно саниран и рекоструиран во 2011 година.[2]

Мост на револуцијата
Координати41°59′42″N 21°26′26″E / 41.99500° СГШ; 21.44056° ИГД / 41.99500; 21.44056
Носиавтомобили и пешаци
ПреминуваВардар
МестоСкопје, Македонија Македонија
Официјален називМост на револуцијата
Други називиМост на љубовта
Историја
Отворен1963
2011 (реконструиран)[1]
Местоположба
Карта
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Општина Центар" does not exist|240px|Мост на револуцијата во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Општина Центар" does not exist]]
Местоположба на Мостот на револуцијата во рамките на Општина Центар

Мостот е наречен и „Мост на љубовта“ поради обичајот на љубовните двојки да закачуваат катанци како симбол на нивната врска.[3]

Реконструкција

уреди

На 9 декември 2010 година започнала реконструкцијата на мостот која траела со до мај 2011 година, каде што била извршена санација на оштетените бетонски делови на надворешната страна на мостот. Оштетените пешачки патеки од двете страни на мостот биле отстранети, подлогата биле санирана и покриена со печатен бетон. Во текот на градежните работи била извршена и заштита на инсталациите што минуваат преку мостот. Коловозната конструкција на мостот била целосно обновена и покриена со нов асфалт. Обновени биле и рабниците, како и сливниците за одведување на атмосферската вода. Новата ограда на мостот била изработена од стилско ковано железо. Во оградата се монтирани 22 украсни канделабри. Мостот дополнително го осветлуваат 10 столба од постоечкото улично осветлување. Контурите на мостот ги нагласува линиско осветлување од 114 светилки со светлечки диоди, а на лаковите се поставени 6 рефлектори.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „После 48 години целосно реконструиран „Мостот на револуцијата". Курир. 16 мај 2011. Архивирано од изворникот на 2011-05-19. Посетено на 2011-06-03.
  2. 2,0 2,1 Бошковска, Елена (16 мај 2011 - 12:58). „Пуштен во употреба реконструираниот „Мост на Револуцијата". Сител. Посетено на 2011-06-03. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Мостот на љубовта во Скопје Архивирано на 14 октомври 2013 г. — портал Sky

Надворешни врски

уреди