Мостот Марија Пиа е железнички мост над реката Дуро во Португалија. Ги поврзува градовите Порто и Вила Нова де Гаја. Изграден e според дизајнот на Густав Ајфел во 1877 година. Именуван по сопругата на кралот Луис I, Марија Пиа од Савој.

Мост Марија Пиа
Местоположба
Карта

Во 1875 година бил објавен конкурс за дизајнирање на најдобриот мост кој би можел да го скрати растојанието меѓу градовите за 12 км. Победничкото дело било на Густав Ајфел, кој ја понудил најевтината опција од осум. Изградбата започнала на 5 јануари 1876 година и завршила на 4 ноември 1877 година. За време на изградбата, Ајфел имплементирал нови инженерски решенија во комбинација од метални конструкции: мост од само еден распон, долг 160 м, го преминува Дуро, надвиснат над реката на надморска височина од 60 м. Овој мост бил светскиот шампион со најдолг распон, седум години.

Во 1991 година, неговата употреба како премин била прекината. Во близина е изграден нов мост, Понте де Сао Жоао, дизајниран од инженерот Едгар Кардосо, а стариот мост добил статус на национален споменик.

Надворешни врски

уреди