Мост Јавуз Султан Селим

Мостот Јавуз Султан СелимI (турски: Yavuz Sultan Selim Köprüsü) — мост кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Мостот се наоѓа на Босфорот и е посветен на османлискиот султан Селим I. За разлика од останатите два моста на Босфорот, овој мост се наоѓа во северниот дел од градот кој гледа кон Црно Море, во населбата Саријер. Третиот мост над Босфор е најдолгиот комбиниран мост (автопат и железен пат) во светот.

Мост Јавуз Султан Селим
Yavuz Sultan Selim Bridge IMG 3065.jpg
Носикомбиниран (автопат и железен пат)
ПреминуваБосфор
МестоИстанбул, Турција
Официјален називYavuz Sultan Selim Köprüsü
Особености
Вкуп. должина2164[1]
Ширина58.5[1]
Висина322[1]
Најдолг распон1408[1]
Историја
ПроектантМишел Вирложу
Жан Франсоа Клајн
Почнат2013
ТрошокTurkish lira symbol 8x10px.png 4.5
Отворен26 август 2016
Местоположба
Карта

ИзградбаУреди

Церемонијата на започнување изградба на мостот се одржила на 29 мај 2013 година, додека мостот бил завршен во март 2016 година и отворен за движење на 26 август 2016 година. На свеченото отворање на мостот присуствувал македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов, како и бројни државни претставници, меѓу кои претседавачот со претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал Калифа и.т.н[2].

ОсобеностиУреди

Преку мостот поминува автопатот Северна Мармара (Kuzey Marmara Otoyolu) со должина од 260 километри, кој ги опкружува урбаните области на Истанбул од север, поврзувајќи ја Европа со Азија. Широчината на мостот е 59 метри, а вкупната должина 1.875 метри, од кои главниот простор е долг 1.408 метри. Мостот има осум сообраќајни ленти и двонасочна железничка пруга. Изградбата чинела 2,5 милијарди евра. Пилоните на мостот се високи се 323 метри. Од аспект на височината тоа е највисок висечки мост со железнички систем и ќе се споменува како мост со највисока кула.

Како главен архитект на мостот биле избрани француските инженери Мишел Вирложу и Жан Франсоа Клајн.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Kuzey Marmara Otoyolu“ (PDF) (турски). KGM. стр. 22. Посетено на 27 June 2014.
  2. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-08-30. Посетено на 2016-09-09.