Мостарска клучка или колоквијално само „Мостар“ — најголемата сообраќајна клучка во Белград. Во неа се влива сообраќај од вкупно шест правци, од кои два се и најоптоварени во Белград - мостот Газела од запад и од југ од правец на Саемот, т.е. Булеварот Војвода Мишиќ. Клучката се наоѓа на европските патишта Е-75 и Е-70.

Карта на Мостарската клучка

Мостарската клучка започнала да се гради во 1967, а била завршена во 1974 година на местото на населбата Јатаган Мала. Првично било предвидено да служи како дел од градскиот автопат Бежанија - Автокоманда, но бидејќи обиколницата околу Белград не била завршена, градскиот автопат станал дел од европските автопатишта.

Технички одлики

уреди
  • Зафаќа површина од два хектари
  • највисоката точка е 22
  • преку неа минува трамвајски сообраќај
  • вкрстување на патишта во три нивоа
  • има 6 подземни пешачки премини и четири пасарели
  • има четири автобуски и две трамвајски постојки на клучката
  • во клучката има семафор (обично се прават клучки за да се избегнат семафорите)

Надворешни врски

уреди