Мусомишта
Мусомишта (од 2016 г. офиц. Мосомиште, бугарски: Мосомище[1]) е село во Општина Неврокоп.
Мусомишта | |
---|---|
Земја | Бугарија |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото Мусомишта се наоѓа на источното подножје на Пирин планина, на надморска височина од 513 метри. Од градот Неврокоп е оддалечено 2.8 километри јужно.
На источната страна од селото се наоѓа канал којшто оди северно од Градската река во Неврокоп, која потоа се влева во реката Места.
Историја
уредиВо 1889 година Стефан Верковиќ го опишува Мусомиште како село со 75 бугарски и 18 турски куќи.[2]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа површина од 32.9км². Целата источна страна од него е обработливо земјиште, додека повисоките предели се под пасишта и шуми.[3]
Демографија
уредиВо Мусомишта во 2013 година 2 258 жители. Голем дел од жителите се Македонци, кои потекнуваат од Егејска Македонија, некои се доселиле во 1912 година, а други биле донесени тука по познатата размена на населенија меѓу Бугарија и Грција во 1925 година.[4]
Според пописот од 2021 година, селото имало 1,962 жители, со густина на населеност од 59.7 луѓе на километар квадратен.
Во пописот од 2011 година имало 2,107 жители, што значи дека во текот на една деценија имало стапка на пад на население од -0.67%.[5]
Општествени установи
уредиНа 800 метри над селото се наоѓа црквата Света Троица. Во центарот работи и основно училиште, именувано како ОУ„Христо Ботев“.
Самоуправа и политика
уредиПоштенски код на селото е 2920.
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ Указ № 379 от 30 ноември 2016 г., „Държавен вестник“ №99, 13 декември 2016 г.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234 – 235.
- ↑ „CORINE Land Cover 2018“.
- ↑ Цветаноски, Виктор (11 декември 2006). „Бугарската полиција не ги исплаши Македонците во Мосомиште“. Утрински весник (2256). Архивирано од изворникот на 4 јули 2020.
- ↑ „City population“.
- ↑ „Македонците во Бугарија в недела со зурли и тапани ќе го слават Илинден,“. МКД.мк, 23 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2020-07-06. Посетено на 2020-07-04.
Надворешни врски
уредиОваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |