Мортон Фелдман
Мортон Фелдман (12 јануари 1926 – 3 септември 1987) е американски композитор, роден во Њујорк.
Како една од водечките фигури во музиката на 20 век, Фелдман е пионер на индетерминизмот, стил поврзан за експерименталната Њујоркшка Школа на композитори вклучувајќи ги Џон Кејџ, Кристијан Волф, и Ерл Браун. Делата на Фелдман се одликуваат со иновативни техники во нотацијата со кои создава специфични звуци - слободни ритми, висински сенки кои делуваат нефокусирани и генерално тивка музика која споро се развива преку асиметрични периодични модели. Неговите последни дела, компонирани по 1977 година, се истражувања на екстремно долги времетраења.
Животопис
уредиФелдман е роден во Бруклин, Њујорк во семејство на руски Евреи од Киев. Неговиот татко бил производител на детска облека.[1][2] Како дете, учел пијано кај Вера Маурина Прес, која, како што тврди самиот композитор, влеала кај него "жива музикалност отколку вештина".[3] Првиот учител по композиција му бил Волингфорд Ригер, еден од првите американски следбеници на Арнолд Шенберг, и Штефан Волпе, германски евресјки композитор кој учел кај Франц Шрекер и Антон Веберн. Фелдман и Волпе поминале многу време дискутирајќи за музиката и уметноста.[4]
Во почетокот на педесеттите години, Фелдман ја слуша изведбата на Симфoнија оп.21 на Антон Веберн во Њујоркшката Филхармонија. По тоа дело, оркестарот требал да изведе композиција од Сергеј Рахманинов, и Фелдман го напушта концертот, вознемирен од неучтивиот однос на публиката кон музиката на Веберн.[5] Во лобите, го сретнува Џон Кејџ, кој бил на концертот и исто така одлучува да излезе.[6] Двата композитори брзо стануваат блиски пријатели и Фелдман одлучува да се всели во стан на вториот кат во зградата каде што живеел Кејџ. Преку Кејџ, го сретнува вајарот Ричард Липолд (кој имал студио спроти неговиот стан) и уметниците Соња Секула, Роберт Раушенберг, и други, како и композиторите Хенри Кауел, Вирџил Томпсон, и Џорџ Антеил.[7]
Охрабрен од Кејџ, Фелдман започнува да пишува дела кои не се во никаков однос со композициските техники од минатото, како ограничувањата во традиционалната хармонија или серијалната техника. Тој експериментира со нестандардни системи на музичката нотација, често оставајќи на музичарот да одлучи која нота да ја свири, но во строго назначено време. Експериментите на Фелдман со користење на "случајот" во композициите го инспирарале Кејџ да го напише делото како Music of Changes, каде нотите кои треба да се отсвират се одредени врз основа на И Чинг.
Преку Кејџ, Фелдман се сретнува со истакнати фигури од Њујоркшката уметничка сцена, меѓу кои Џексон Полок, Филип Гастон и Френк О'Хара. Се инспирира од апстрактните експресионисти,[8] и во текот на седумдесеттите години пишува дела со времетраење од околу 20 минути, меѓу кои Rothko Chapel (1971, напишано за Капелата на Ротко, во која се изложени дела на сликарот Марк Ротко) и For Frank O'Hara (1973). Во 1977, ја пишува операта Neither[9] по оригинален текст на Семјуел Бекет.
Во 1961 година, Фелдман ја компонира музиката за филмот Something Wild на Џек Гарфејн. Откако ја чул музиката, режисерот ја одбива музиката и го заменува Фелдман со Арон Коупленд[10]
Музиката на Мортон Фелдман радикално се менува [11] во 1970 година, оддалечувајќи се од графичката нотација и аритмичките нотациски системи и се приближува сè повеќе кон прецизни ритмички методи на компонирање. Првото дело од овој период е краткото, 55-тактното дело "Madame Press Died Last Week at Ninety", посветено на Вера Маурина Прес.
Во 1973 година, на возраст од 47 години, Фелдман станува професор на Универзитетот во Бафало. Претходно, Фелдман работел како работник во семејниот текстилен бизнис во предградијата на Њујорк.
Подоцна, започнува да ги компонира неговите долги дела, често во еден единствен став, подолги од половина час. Меѓу најпознатите се издвојуваат Виолинскиот и гудачки квартет (1985, долг околу 2 часа), For Philip Guston (1984, композиција долга околу 4 часа) и, најекстремниот Втор Гудачки Квартет (1983, долг околу 6 часа без пауза). Вообичаено, овие дела имаат спор развој (ако не и статичен) и се состојат од многу тивки звуци. Фелдман вели дека тивките звуци се оние кои отсекогаш најмногу го интересирале. Во предавање од 1982 година, Фелдман забележува "Имаме ли нешто во музиката што навистина ништи сè? Нешто што чисти сè?"
Фелдман се жени за канадскиот композитор Барбара Монк, пред неговата смрт. Починал од рак на панкреас во 1987 година во неговиот дом во Бафало, Њујорк, по тримесечна долга борба со болеста.
Footnotes
уреди- ↑ Ross 2006.
- ↑ Hirata 2002, 131.
- ↑ Zimmermann 1985, 36.
- ↑ Gagne, Caras 1982.
- ↑ Feldman, Morton. "Liner Notes." Give My Regards to Eighth Street: Collected Writings of Morton Feldman. Ed. B. H. Friedman. Cambridge: Exact Change, 2000. 4. Print.
- ↑ Revill 1993, 101.
- ↑ Feldman 1968.
- ↑ Vigeland, Nils. "Morton Feldman: The Viola in my Life". Liner note essay. New World Records.
- ↑ Ruch, A, Morton Feldman's Neither Архивирано на 23 ноември 2011 г. themodernword.com website, 17 May 2001. Retrieved October 30, 2012.
- ↑ Wilson, Peter Niklas. „Canvasses and time canvasses“. Chris Villars Homepage. Архивирано од изворникот на 2021-04-22. Посетено на 30 May 2011.
- ↑ Feldman, Morton (February 2, 1973). „Morton Feldman Slee Lecture, February 2, 1973“. State University of New York at Buffalo. Архивирано од изворникот на 2010-06-28. Посетено на 17 December 2012.
Наводи
уреди- Feldman, Morton. 1968. Give My Regards to Eighth Street, Artnews Annual. Included in Give my regards to Eighth Street: Collected Writings of Morton Feldman (2000), The Music of Morton Feldman, and elsewhere.
- Gagne, Cole, and Caras, Tracey. 1982. Interview with Morton Feldman. In: Soundpieces: Interviews with American Composers, 164–177. Metuchen, New Jersey: The Scarecrow Press Inc, 1982. Available online Архивирано на 29 септември 2019 г..
- Hirata, Catherin. 2002. Morton Feldman. In: Sitsky, Larry, ed. 2002. Music of the Twentieth-century Avant-garde. Greenwood Publishing Group.
- Revill, David. 1993. The Roaring Silence: John Cage – a Life. Arcade Publishing. ISBN 1-55970-220-6, ISBN 978-1-55970-220-1.
- Ross, Alex. 2006. American Sublime. The New Yorker, June 19, 2006. Available online.
- Zimmerman, Walter, ed. 1985. Morton Feldman Essays. Kerpen: Beginner.