Морис Стивенсон Бартлет (англиски: Maurice Stevenson Bartlett; 18 јуни 1910 — 8 јануари 2002) — британски статистичар и универзитетски професор. Тој е најпознат по својот придонес во теоријата на стохастичките процеси, во теоријата за статистичкото заклучување и во мултиваријациската анализа.

Животопис

уреди

Бартлет е роден во сиромашно семејство, но благодарение на добиената стипендија добил можност да изучува статистика во средното училиште. Во 1929 година добил стипендија од Квинс колеџот (Queen's College) во Кембриџ каде дипломирал математика со највисоки почести. Таму ги следел предавањата по статистика кај професорот Џон Вишарт (John Wishart) со кого има напишано два труда додека бил на постдипломските студии. Во 1933 година, Бартлет бил поканет од Игон Пирсон (Egon Pearson) на новиот оддел по статистика при Универзитетскиот колеџ во Лондон (University College London), каде што веќе работеле Роналд А. Фишер, Џерзи Нојман и други. Бартлет бил инспириран од работата на своите нови колеги, а најмногу од Фишер при што критикувал делови од неговото творештво, воедно развивајќи го. Во 1934 година, Бартлет се вработил како статистичар во едно хемиско претпријатие, работејќи на истражувања во земјоделството. Покрај практичната работа, тој истовремено работел и во областа на генетиката, но и статистичката теорија. Во 1938 година, тој ја напуштил работата во претпријатието и преминал на Универзитетот во Кембриџ, но по избувнувањето на Втората светска војна тој бил мобилизиран и работел на развојот на ракетната техника. По завршувањето на војната, тој повторно се вратил на Универзитетот во Кембриџ, продолжувајќи ја својата научна работа. Во 1947 година, станал професор по математичка статистика на Универзитетот во Манчестер каде работел во областа на епидемиологијата. Во 1960 година станал раководител на одделот за статистика при Универзитетскиот колеџ во Лондон, а од 1967 до пензионирањето во 1975 година предавал биоматематика на Универзитетот во Оксфорд. Во 1961 година, Бартлет станал член на Кралското друштво (Royal Society).[1]

Творештво

уреди

Бартлет е најпознат по својата работа во областа на стохастичките процеси и воопшто, во анализата на временските низи. Заедно со Џо Мојал работел на една голема книга по веројатност, но бидејќи нивната соработка не била добра, тој објавил своја книга за стохастичките процеси. [1]

Поважни книги

уреди
  • An Introduction to Stochastic Processes, (1955) ISBN 0-521-04116-3
  • Stochastic Population Models in Ecology and Epidemiology, (1960) ISBN 0-416-52330-7
  • Essays in Probability and Statistics, (1962) ISBN 0-416-64880-0
  • Probability, Statistics and Time, (1975) ISBN 0-412-14150-7
  • The Statistical Analysis of Spatial Pattern, (1976) ISBN 0-412-14290-2
  • Selected Papers of M. S. Bartlett 3 vols. edited by R.G. Stanton, E.D. Johnson, D.S. Meek. Winnipeg : Charles Babbage Research Centre (1989).

Поважни трудови

уреди
  • (1933) со John Wishart, The distribution of second order moment statistics in a normal system. Proc. Camb. Philos. Soc. 28, 455–459.
  • (1933) On the theory of statistical regression. Proc. Royal Soc. Edinburgh, 53, 260–283.
  • (1933) Probability and chance in the theory of statistics. Proc. Royal Soc. Lond. A 141 Архивирано на 20 ноември 2021 г. 518–534.
  • (1934) The vector representation of a sample. Proc. Camb. Philos. Soc., 30, 327–340.
  • (1936) Statistical information and properties of sufficiency. Proc. Royal Soc. Lond. A 154, 124–137.
  • (1937) Properties of sufficiency and statistical tests. Proc. Royal Soc. Lond. A, 160, 268–282. (reprinted with an introduction by D. A. S. Fraser S. Kotz & N. L. Johnson (eds) Breakthroughs in Statistics, volume 1. Springer, New York. 1992.)
  • (1938) Methods of estimating mental factors. Nature, 141, 609–610.
  • (1939) A note on tests of significance in multivariate analysis, in Proceedings of the Cambridge Philosophical Society
  • (1941) The statistical significance of canonical correlation. Biometrika.
  • (1947) The use of transformations. Biometrics.
  • (1948) Internal and external factor analysis. British Journal of Psychiatry.
  • (1949) Fitting a straight line when both variables are subjects to error. Biometrics.
  • (1949) The statistical significance of "dispersed hits" in card-guessing experiments. Proceedings of the Society for Psychical Research, 48, 336–338.
  • (1950) Tests of significance in multivariate analysis. British Journal of Mathematical and Statistical Psychology.
  • (1950) Tests of significance in factor analysis. British Journal of Psychology, 3, 77–85.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристески Славе, Тевдовски Драган и Марија Трпкова (2012). Вовед во анализата на временските серии. „Универзитет Св. Кирил и Методиј“, Скопје, стр. 256-257.