Монархија Нов Зеланд

Видете Монархистичка лига за слични организации.

Монархистичката лига на Нов Зеланд е организација формирана во 1995 која имна за цел да го поддржува зачувувањето на уставната монархија во Нов Зеланд. Моменталниот Претседател на лигата е Ноел Кокс, експерт за уставно право и професор на Правниот факултет при Оклендскиот Технолошки Универзитет (AUT). Моменталниот Патрон на лигата е Сер Питер Тепсел, бивш Претседател на Собранието на Нов Зеланд (од 1993 до 1996).

Логото на Монархистичката лига на Нов Зеланд

Цели и начела

уреди
  • Да ги сплоти сите новозеланѓани од најразлична етничка припадност, политичка приврзаност, религиозна лојалност и професија со цел на промовирање на лојалноста и почитта кон Владетелот на Нов Зеланд и увид во уставната монархија.
  • Да го промовира и да се зафати со изучувањето на монархијата, и улогата на Круната во новозеландскиот систем на демократско управување.
  • Да го гаи ценењето на вредностите на монархијата кај учениците и студентите и да го промовира нејзиното изучување во образовните установи.
  • Да ја информира новозеландската јавност за современата и историска важност на монархијата за новозеландскиот за идентитетот на Нов Зеланд преку изложувања, говорници, фестивали, појавувања на медиумите, публикации и сродни активности.
 
Н.В. Елизабета II, Кралица на Нов Зеланд
  • Да ги брани кралските прерогативи, да се погрижи да спречи понатамошна нивна ерозија, така овозможувајќи му на Монархот да биде вистински на чело на Правдата и Честа, и така што ја штити слободата на поданикот од политички и бирократски повреди.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Монархизмот во Комонвелтот  
 Австралија  Австралијанци за уставна монархија · АМЛ
 Канада  Монархистичка лига на Канада · Монархизмот во Канада
 Нов Зеланд  Монархистичка лига на Нов Зеланд
 Обединето Кралство  Меѓународна монархистичка лига