Млака (Ташмаруништа)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Млака

Карта

Местоположба 41°16′18″N 20°38′22″E / 41.27167° СГШ; 20.63944° ИГД / 41.27167; 20.63944
Основни податоци
Место Ташмаруништа
Општина Струга
Тип

 сакрален објект  некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Млакасакрален објект и некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Ташмаруништа, Македонија. Североисточно од црквата „Св. Архангел Михаил“ има зарамнето плато на кое, при изградбата на задружните штали во 1950 година, биле откриени гробови градени од тегули - тип „на две води“, во кои имало керамички садови и други прилози. Во дворот на црквата, при копањето на водовод биле најдени темели ѕидани од кршен камен и варов малтер.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 398. ISBN 9989-649-28-6.