Младиот Били Јанг

„Младиот Били Јанг“ (англиски: Young Billy Young) — американски филм од 1969 година, во режија на Берт Кенеди (Burt Kennedy), кој е автор и на сценариото, засновано врз романот на американскиот писател Хенри Вилсон „Хек“ Ален. Главните улоги ги толкуваат: Роберт Мичам (Robert Mitchum), Енџи Дикинсон (Angie Dickinson), Роберт Вокер Јуниор (Robert Walker Jr.), Дејвид Карадин (David Carradine), Џек Кели (Jack Kelly), Џон Андерсон (John Anderson), Пол Фикс (Paul Fix), Вилис Боучи (Willis Bouchey), Перли Баер (Perley Baer), Роберт Андерсон (Robert Anderson), Дина Мартин (Deana Martin) и Родолфо Акоста (Rodolfo Acosta). Филмот е снимен кон крајот на 1960-тите, пресвртниот период за вестерн-филмовите, и претставува интригантно и возбудливо остварување, проткаено со хумор, кое привлекува и со психолошки изнијансираниот мотив на одмаздата. Исто така, филмот се одликува и со одлична фотографија, дело на хари Страдлинг Јуниор, како и со ефектна музика, дело на Шели Ман.[1] [2]

Синопсис

уреди

Младиот револвераш Били Јанг (го игра Вокер Јуниор), заедно со Џеси Бун (го игра Карадин), убива мексикански генерал и мора да избега преку границата во Тексас. Џеси останува без коњот, а патем налетува на Бен Кејн (го игра Мичам), некогашен шериф во Доџ Сити, кој го бара убиецот на својот син. Сега, Бен работи како заменик на шерифот и го повикува Били да му се придружи и така да го отстрани сомневањето дека тој е убиецот. Така, Бен станува ментор на младиот Били. Тогаш, во градот пристигнува привлечната барска танчерка Лили (ја игра Дикинсон)...

Наводи

уреди