Мијо Лончариќ
Мијо Лончариќ (хрватски: Mijo Lončarić; 1 септември 1941, Река, Хрватска – 21 јуни 2023, Загреб) хрватски јазичар, лексичар, дијалектолог и експерт во кајкавско наречје.
Во 1973 магистрирал во Загреб. Докторската дисертација ја одбранил во 1980. Учествувал на бројни научни собири, конференции и конгреси во Хрватска и во други земји (Словачка, Холандија, Унгарија, Словенија, Германија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија). Објавил бројни дијалектолошки трудови, особено за кајкавско наречје, а извршил теренски истражувања на околу стотина локални дијалекти.