Мишел Вилијамс (пејачка)

американска пејачка и глумица

Тенитра Мишел Вилијамс (англ. Tenitra Michelle Williams; родена на 23 јули 1979 година)[1] ― американска пејачка и глумица. Стекнала слава на почетокот од 2000-тите како член на женската R&B група Destiny's Child. Додека била член на групата, добила неколку признанија, вклучувајќи Греми награда и ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Мишел Вилијамс
Мишел Вилијамс во 2015
Роден(а)Тенитра Мишел Вилијамс
23 јули 1979(1979-07-23)(45 г.)
Рокфорд, Илиноис, САД
Занимање
  • Пејачка
  • глумица
Активен период1999–денес
Музичка кариера
Жанрови
ИнструментиГлас
Издавачи

Подоцна започнала соло-кариера насочена првенствено на госпел-музиката, театарски мјузикли и ТВ-настапи.

Рани години

уреди

Тенитра Мишел Вилијамс е родена на 23 јули 1979 година во Рокфорд, Илиноис.[2] Првите музички чекори ги направила на седумгодишна возраст пеејќи госпел во месната црква.[3] Подоцна пеела во госпел-групите United Harmony и Chosen Expression.

По завршувањето на средно училиште, Вилијамс почнала да студира кривично право на Државниот универзитет во Илиноис, но наскоро сфатила дека сака да направи кариера како професионална пејачка. Музичката кариера ја продолжила како придружен вокал за други пејачки како Моника.[4]

Кариера

уреди

1999–2003: Член на Destiny's Child и почетоци на соло-кариера

уреди

Во 1999 година, 20-годишната Вилијамс се запознала со членовите на групата Destiny's Child: Бијонсе Ноулс и Кели Роланд во фоаје на хотел во Атланта.[5] Вилијамс и Фара Френклин официјално се приклучиле на групата на почетокот од 2000 година, заменувајќи ги Летоја Лакет и Латавија Роберсон. Поттикнати од почетниот успех на групата, Лакет и Роберсон кон крајот на 1999 година се обиделе да се разделат со менаџерот на групата Метју Ноулс, тврдејќи дека задржал непропорционален дел од профитот на групата и дека неправедно ги фаворизирал Ноулс и Роуланд.[6]

Во мај 2001 година, Destiny's Child го издале третиот студиски албум, Survivor. Албумот бил многу успешен и од него произлегле хитовите „Bootylicious“ и насловната песна „Survivor“, за кој групата добила Греми награда за најдобра R&B изведба од дуо или група. Во 2002 година, Destiny's Child објавиле дека привремено се распаѓаат за да продолжат со соло-проекти.[6]

На 16 април 2002 година, Вилијамс станала прва членка од Destiny's Child која објавила соло-албум, Heart to Yours.[7][8][9] Овој госпел-албум бил добро прифатен од критичарите и дебитирал на второ место на Билбордовата топ-листа за госпел-албуми, каде што подоцна се искачил на прво место.[10][11]

За албумот Heart to Yours, Вилијамс добила награда MOBO за „Најдобар госпел-изведувач“,[12][13][14] а била номинирана и за многу други награди, вклучувајќи номинација за Ѕвездена награда за „Нов уметник на годината“, номинација за наградата за извонредност од GMWA за „Пејачка на годината“[15][16] и GMA Dove награда за „Традиционална госпел-песна на годината“ за нејзината соработка со Ширли Сизар на „Steal Away To Jesus“ која за првпат била претставена на албумот Сизар, Hymns.[17][18] Билборд ја навел Вилијамс како петти најдобар госпел-изведувач за 2002 година.[19]

Во 2003 година, Вилијамс дебитирала на театарската сцена заменувајќи ја колешката Тони Брекстон за главната улога во Аида, Бродвејски мјузикл со музика од Елтон Џон и текст од Тим Рајс.[20][21] Таа била прва и е единствена членка од Destiny's Child која глумела на Бродвеј.

2004–2007: Последни проекти на Destiny's Child и почеток на глумечка кариера

уреди
 
Destiny's Child за време на прошталната концертна турнеја, Destiny Fulfilled ... And Lovin' It, 2005 година

Нејзиниот втор госпел-албум, Do You Know, бил објавен во јануари 2004 година и стигнал до 120-то место на Билборд 200 и покрај топлиот прием од критичарите кои го пофалиле талентот на Вилијамс за пишување песни.[22][23]

По тригодишна пауза, Destiny's Child повторно се обединиле и во 2004 година го издале албумот Destiny Fulfilled.[6] За поддршка на албумот, Destiny's Child во 2005 година ја започнале светската турнеја Destiny Fulfilled ... And Lovin' It. На концертот во Барселона, групата најавила дека ќе се распушти по последниот концерт од турнејата.[6][24] Destiny's Child добиле ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во март 2006 година. Тие се женска група со најголема продажба во светски рамки на сите времиња.[25]

По распуштањето на Destiny's Child на почетокот од 2006 година, Вилијамс имала телевизиско деби во комедијата Half & Half, каде што ја играше улогата на Наоми, директорка на издавачка куќа која е ХИВ позитивна.[26] Истата година се појавила во реалното телевизиско шоу Celebrity Duets, во дует со глумците Алфонсо Рибеиро и Хаи Родригез.[27] Од април 2007 година, Вилијамс глумела на турнејата на Бродвејскиот мјузикл, The Color Purple.[28][29]

2008–2010: Поп и R&B-кариера

уреди

Во октомври 2008 година, Вилијамс го објавила нејзиниот трет студиски албум Unexpected.[30] Албумот, за разлика од нејзините први два соло-албума, отстапил од госпел-музиката и содржел секуларни поп/R&B песни.[31] Во јуни 2008 година, Вилијамс го издала водечкиот сингл „We Break the Dawn“ и тоа е нејзин најуспешен сингл досега.[10][10][32][33]

Во јули 2009 година, Вилијамс започнала со ограничен шестнеделен ангажман во театарот Кембриџ во Чикаго, со што станала прва Афроамериканка која добила улога во мјузикл од Вест Енд.[3] Во јануари 2010 година, Мишел се разделила со нејзиниот менаџер Метју Ноулс и Music World Entertainment.[34] Во февруари 2010 година, Вилијамс се вратила на Бродвеј со седумнеделен ангажман во мјузиклот Чикаго.[35][36][37]

2011–2014: Враќање кон госпел-музиката и други улоги

уреди

Во јануари 2011 година, Вилијамс се појавила во популарната хумористична панел-претстава на Би-Би-Си „Never Mind the Buzzcocks“.[38]

 
Вилијамс на Гала во Драмската лига во февруари 2012 година

Во 2014 година, Вилијамс го издала албумот Journey to Freedom кој дебитирал на дваесет и деветтото место на американскиот Билборд 200. Journey to Freedom бил номиниран за најдобар госпел-албум (традиционален или современ) на 46-те NAACP Image Awards,[39] а песната „Say Yes“ ја освоила наградата за музичко видео на годината на 30-тите Stellar Awards, каде Вилијамс добила вкупно четири номинации и повторно се обединила со Ноулс и Роуланд за изведба на песната во живо.[40]

2015-денес: Подоцнежна кариера

уреди
 
Вилијамс на шоуто на полувремето на Super Bowl XLVII

Во мај 2021 година, Вилијамс ги објавила нејзините мемоари, Исповед: Како соочувањето со депресијата го спаси мојот живот – а може да го спаси и вашиот.[41] На 29 октомври 2021 година, Вилијамс глумела во божиќниот ТВ-филм на Халмарк, Божиќ во хармонија.[42] Во 2022 година, Вилијамс се натпреварувала како „Рокхопер“ во третата сезона од британската верзија на <i id="mwArY">Маскираниот пејач</i>.[43] Подоцна се натпреварувала како „Микрофон“ во четвртата сезона на Маскираниот пејач Австралија, со што станала прва славна личност која се натпреварувала во три верзии од шоуто.[44][45][46][47] Исто така, глумела во филмот Wrath: A Seven Deadly Sins Story, кој премиерно се емитувал на 16 април 2022 година.[48]

Во јануари 2024 година, Вилијамс се појавила во тв-серијата „Ние сме семејство“ на Фокс.[49] Во март 2024 година, Вилијамс добила улога во музичката адаптација на Смртта ѝ прилега, играјќи ја Виола Ван Хорн (Лисле фон Руман во филмската верзија).[50]

Дискографија

уреди

Со Destiny's Child:

уреди
  • Survivor (2001)
  • Destiny Fulfilled (2004)

Соло албуми:

уреди
  • Heart to Yours (2002)
  • Do You Know (2004)
  • Unexpected (2008)
  • Journey to Freedom (2014)

Наводи

уреди
  1. „Michelle Williams • Instagram“.
  2. „Michelle Williams on Instagram: "My birthday celebration was a perfect evening of friends and family. One person that was there has known me since I was 7 years old. Many…". Instagram.
  3. 3,0 3,1 Празен навод (help) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „HearttoHart“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Corina Curry. „Michelle Williams: Back to her gospel roots, with Destiny's Child mates in tow“. Rockford Register Star. Архивирано од изворникот на December 13, 2023. Посетено на September 4, 2019.
  5. Празен навод (help)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Kaufman, Gil (June 13, 2005). „Destiny's Child's Long Road To Fame (The Song Isn't Called 'Survivor' For Nothing)“. MTV News. Архивирано од изворникот на June 24, 2011. Посетено на April 13, 2008. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Kaufman“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  7. Ruhlmann, William. „Album Review: Michelle Williams – Heart to Yours“. Allmusic. Macrovision Company. Архивирано од изворникот на December 13, 2023. Посетено на April 17, 2008.
  8. „Michelle Williams – Heart To Yours“. GospelCity.com. 2002. Архивирано од изворникот на September 28, 2011. Посетено на January 15, 2011.
  9. Cinquemani, Sal (October 11, 2001). „Michelle Williams: Heart to Yours“. Slant Magazine. Архивирано од изворникот на October 11, 2012. Посетено на January 15, 2011.
  10. 10,0 10,1 10,2 Празен навод (help) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Billboard“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  11. Празен навод (help)
  12. „MOBO Awards 2002 Winners List“. Top40-Charts.com. October 3, 2002. Архивирано од изворникот на November 13, 2013. Посетено на April 26, 2011.
  13. „MOBO Awards 2004“. MOBO Awards. mobo.com. October 3, 2002. Архивирано од изворникот на July 24, 2011. Посетено на April 26, 2011.
  14. „Mobo Awards 2004: The nominees“. BBC.co.uk. August 24, 2004. Архивирано од изворникот на April 3, 2022. Посетено на April 26, 2011.
  15. „Finalists of the 22nd Annual Gospel Music Excellence Awards“. GospelCity.com. Архивирано од изворникот на March 8, 2012. Посетено на April 26, 2011.
  16. „22nd Annual Gospel Music Excellence Award Winners“. GospelFlava.com. 2003. Архивирано од изворникот на March 15, 2012. Посетено на April 26, 2011.
  17. "18th Annual Stellar Gospel Music Awards" Nominee List“. GospelCity.com. Архивирано од изворникот на March 8, 2012. Посетено на April 26, 2011.
  18. „18th Annual Stellar Award Results“. GospelFlava.com. 2003. Архивирано од изворникот на July 11, 2011. Посетено на April 26, 2011.
  19. Празен навод (help)
  20. Reid, Shaheem (November 5, 2003). „DC's Michelle Williams Preps For 'Aida,' Plans To 'Keep It Real' On Next Solo LP“. MTV. Архивирано од изворникот на November 7, 2012. Посетено на April 27, 2011.
  21. Allen, Morgan (November 27, 2003). „PHOTO CALL: It's Destiny: Michelle Williams Joins Broadways' Aida“. Playbill. Архивирано од изворникот на October 21, 2012. Посетено на April 25, 2011.
  22. „Gospel Music – Michelle Williams – Do You Know – Entertain Your Belief“. GospelCity.com. Архивирано од изворникот на July 11, 2011.
  23. Sogn, Emily (June 7, 2004). „CD: Michelle Williams, Do You Know?“. Архивирано од изворникот на October 22, 2012. Посетено на February 19, 2020.
  24. Празен навод (help)
  25. Празен навод (help)
  26. Lu, Angela (February 14, 2006). „Michelle Williams Takes HIV-Positive Role For TV-Acting Debut“. MTV. Архивирано од изворникот на October 25, 2011. Посетено на April 27, 2011.
  27. „BBC – Strictly Come Dancing 2010 – Celebrities – Michelle Williams“. Strictly Come Dancing. BBC. 2010. Архивирано од изворникот на November 21, 2010. Посетено на April 25, 2011.
  28. „Jeanette Bayardelle, LaToya London & Michelle Williams to Star in Color Purple Tour“. Broadway.com. February 27, 2007. Архивирано од изворникот на June 13, 2011. Посетено на April 25, 2011.
  29. „Michelle Williams The Cast Of "The Color Purple". Hip Hop Crunch. February 28, 2007. Архивирано од изворникот на October 3, 2011. Посетено на April 25, 2011.
  30. Празен навод (help)
  31. Празен навод (help)
  32. „Artist Chart History – Michelle Williams“. UK Singles Chart. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на April 4, 2015. Посетено на February 28, 2011.
  33. „Éves összesített listák – Rádiós Top 40 játszási listá“. Mahasz. Mahasz. Архивирано од изворникот на March 18, 2012. Посетено на April 27, 2011.
  34. Sam (January 12, 2010). „Exclusive: Michelle Williams Parts Ways With Music World“. That Grape Juice. Архивирано од изворникот на October 9, 2011. Посетено на April 25, 2011.
  35. „Michelle Williams to Reprise Role as Roxie in Broadway's Chicago. michellewilliamsonline.com. January 6, 2010. Архивирано од изворникот на December 27, 2010. Посетено на April 25, 2011.
  36. „Singer Michelle Williams To Take Over Ashlee Simpson-Wentz's 'Chicago' Role“. NBC Universal. Access Hollywood. January 6, 2010. Архивирано од изворникот на August 13, 2010. Посетено на April 25, 2011.
  37. „Singer Michelle Williams to Take Over Ashlee Simpson-Wentz's "Chicago" Role“. NBC New York. January 6, 2010. Архивирано од изворникот на March 30, 2012. Посетено на April 25, 2011.
  38. Boyle, Simon (January 5, 2011). „Comedian Frankie Boyle sparks more outrage on BBC2's Never Mind The Buzzcocks“. Daily Mirror. Архивирано од изворникот на February 8, 2011. Посетено на April 25, 2011.
  39. „The 46th NAACP Image Awards – Nominees“. NAACP Image Awards. NAACP. Архивирано од изворникот на March 19, 2017. Посетено на December 14, 2014.
  40. Caslin, Yvette (April 5, 2015). „Destiny's Child, Tamela Mann, Deitrick Haddon and more on the 30th annual Stellar Awards“. Rolling Out. Архивирано од изворникот на April 10, 2015. Посетено на April 15, 2015.
  41. „Everything is not perfect": Michelle Williams on mental health and her new book, "Checking In“. CBS News. May 25, 2021. Архивирано од изворникот на May 31, 2021. Посетено на May 31, 2021.
  42. „6 Opportunities to See Broadway Stars on Hallmark's Countdown to Christmas“. playbill.com. October 29, 2021. Архивирано од изворникот на October 31, 2021. Посетено на October 31, 2021.
  43. „Rockhopper unveiled on The Masked Singer – but who are they?“. The Independent (англиски). 2022-02-06. Архивирано од изворникот на May 14, 2022. Посетено на 2022-02-15.
  44. „Michelle Williams Of Destiny's Child Unmasked On Australia's 'The Masked Singer'. etcanada.com. August 23, 2022. Архивирано од изворникот на August 23, 2022. Посетено на August 23, 2022.
  45. Laidlaw, Kyle (2022-08-23). „VIDEO | Destiny's Child star MICHELLE WILLIAMS revealed as Microphone on THE MASKED SINGER AUSTRALIA“. TV Blackbox (англиски). Архивирано од изворникот на October 9, 2022. Посетено на 2022-10-09.
  46. „International Superstar revealed on The Masked Singer“. Kidspot.
  47. „Michelle Williams Revealed In Week 9 Of 'The Masked Singer Australia'. ET Canada (англиски). Архивирано од изворникот на October 9, 2022. Посетено на 2022-10-09.
  48. „Romeo Miller And Michelle Williams To Star In T.D. Jakes Lifetime Movie“. vibe.com. February 23, 2022. Архивирано од изворникот на February 24, 2022. Посетено на February 24, 2022.
  49. „Michelle Williams' Experience on 'We Are Family' Was 'Bigger Than Just a Cute New Show'. The Wrap. January 6, 2024. Посетено на April 24, 2024.
  50. Oxman, Steven (May 20, 2024). 'Death Becomes Her' Review: Promising Pre-Broadway Musical Makes for a Campy Improvement on the Cult Film“. Variety. Посетено на May 21, 2024.

Надворешни врски

уреди