Мичо Поповски (Горничево, Леринско, 5 мај 1947Скопје, 26 април 2017) — македонски спортист, доајен на македонскиот кајак на диви води. Тој бил поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет.

Мичо Поповски
Роден 5 мај 1947
Горничево, Леринско
Починал 26 април 2017(2017-04-26) (возр. 69)
Скопје
Националност Македонец
Занимање кајакар

Животопис

уреди

Поповски е роден роден на 5 мај 1947 година во селото Горничево, Леринска околија во Егејска Македонија. Дипломирал како инженер металург. Кариерата ја започнал во Рудници и Железарница, а ја завршил како раководител на сектор урбанизам во Град Скопје.

Активно бил вклучен во спортот и бил поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет. Бил претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје, Сојузот на спортски федерации на Македонија и прв Претседател на Кајакарската федерација на Македонија по осамостојувањето. Како селектор на Македонската репрезентација бил учесник на четири олимписки игри, Барселона, Атланта, Сиднеј и Атина. Бил добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје, а повеќепати и одликуван со награди и признанија од Светската Кајакарска федерација и Меѓународниот Олимписки Комитет. Бил и претседател на Кајак клубот Илинден 90 каде последните неколку години активно бил посветен на развојот на младинските категории. Починал во Скопје на 16 април 2017 година.[1]

Наводи

уреди