Михајло Серафимовски

Михајло Серафимовски (р. Тетово, 7 октомври 1927) — македонски градежен инженер и поранешен редовен професор на Градежниот факултет во Скопје[1].

Животопис

уреди

Серафимовски е роден во Тетово на 7 октомври 1927 година. Бил редовен професор на Градежниот факултет во Скопје од 1976 година, па сè до неговото пензионирање во 1987 година. Предавал по предметите хидротехнички објекти и искористување на водните сили, каде бил раководител на катедра[2]. Завршил во Белград во 1952 година, а потоа работел во градежната оператива. Одиграл значајна улога во формирањето на хидротехничкиот кадар во современа Македонија. Со изразена смисла за практична работа учествувал во реализацијата на голем број големи брани као „Шпилје“, „Тиквеш“, „Стрежево“ и др.

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  2. „По хидротехнички објекти, искористување на водните сили и водостопански системи“. Посетено на 2009-10-27.[мртва врска]