Михаило Ристиќ (фудбалер)
Михаило Ристиќ (роден на 31 октомври 1995 година) е професионален српски фудбалер кој настапува како централен играч за врска или како лев бек. Моментално ги брани боите на францускиот клуб Монпелје.
Клупска кариера
уредиЦрвена ѕвезда од Белград
уредиМихаило Ристиќ е роден во Бјелина. На почетокот на неговата кариера, за време на младинскате конкуренции настапувал во екипите на Партизан од Доња Трнова и Рудар од Угљевиќ, пред да се пресели во составот на Црвена ѕвезда од Белград. Патот до тимот од Белград на почетокот на 2013 година бил обезбеден благодарејќи на скаут потрагата на луѓето задолжени за тоа.[1] Тој станал еден од најдобрите играчи во младинските тимови на Црвена ѕвезда и за кратко време бил повикан во првиот тим на клубот под раководство на тренерот Рикардо Са Пинто. Тоа се случило на последниот лигашки натпревар од сезоната 2012-13 против екипата на Војводина.[2] На тој натпревар не успеал да влезе во игра[3] бидејќи бил на клупата за резервни играчи.[4] По завршувањето на неговата младинска кариера, Ристиќ во месец јули 2014 година, го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Црвена ѕвезда од Белград.[5] Својот прв натпревар во српската Суперлига за составот на Црвена ѕвезда од Белград го имал на 9 август 2014 година,[6] под раководство на тренерот Ненад Лалатовиќ. На тој натпревар Ристиќ го заменил соиграчот Вукан Савиќевиќ во 82 минута во победата од 2:0 против екипата на Раднички од Ниш.[7] Во текот на сезоната, тој најмногу бил користен на позицијата дефанзивен играч за врска.[8][9] Откако Миодраг Божовиќ станал првиот тренер на екипата на Црвена ѕвезда од Белград, Ристиќ ја започнал сезоната 2015–16 како резервен играч. Сменил неколку позиции на теренот, играјќи како централен или како играч на левата страна. Во некои ситуации бил поставен и на позицијата лев бек. На почетокот на сезоната 2016–17, Михаило Ристиќ дефинитивно ја сменил својата позиција, но го променил и бројот на дресот земајќи го бројот 73 (претходно го носел 24 и 36).[10] Откако соиграчот Луис Ибањез го напуштил клубот, Ристиќ конечно станал првиот избор како лев бек. Новата позиција му донела можност да создава аситенции, па така во третиот натпревар од сезоната 2016–17 во српската Суперлига против составот на Младост Лучани тој остварил две асистенции за своите соиграчи.[11] На 14 септември 2016 година, Михаило Ристиќ го продолжил договорот со клубот до летото 2020 година.[12]
Краснодар
уредиНа 30 јуни 2017 година, Ристиќ потпишал 5-годишен договор со рускиот прволигаш ФК Краснодар.[13] Пријавената сума се верува дека се движела околу 2 милиони евра плус 20 проценти од евентуалниот нареден трансфер.[14] Ристиќ својот прв натпревар за новиот клуб го имал во првиот натпревар од третото квалификациско коло за УЕФА Лига Европа 2017-18. Натпреварот се одиграл на 27 јули 2017 година, на домашен терен против екипата на Лингби Болдклуб и екипата на Ристиќ победила со резултат од 2:1.[15] На 17 август 2017 година, во првиот натпревар од плеј-оф фазата за 2017–18 УЕФА Европа Лигата, Ристиќ постигнал гол од далечина против неговиот поранешен клуб Црвена ѕвезда. Сепак, ниту главниот судија ниту линискиот судија не го признале регуларниот гол, па играта продолжила понатаму. Конечниот резултат бил запишан како победа на екипата на Краснодар со резултат од 3:2.[16]
Спарта Прага
уредиНа 2 февруари 2018 година, тој се преселил како позајмен играч во чешкиот клуб Спарта од Прага за времетраење од една година со можност за целосно откупување на договорот.[17][18]
Монпелје
уредиНа 12 јануари 2019 година, тој се приклучил на францускиот клуб Монпелје.[19]
Репрезентација
уредиМихаило Ристиќ бил член на српската фудбалска репрезентација до 19 години помеѓу 2013 и 2014 година. Во тој период Ристиќ на некои натпревари настапил како лев бек. Во 2015 година, бил повикан во репрезентацијата до 20 години под раководство на тренерот Вељко Пауновиќ во 2015 година,[20] но подоцна го пропуштил Светското првенство за играчи до 20 години поради болест наречена тонзилектомија.[21] Селекторот на српската фудбалска репрезентација до 23 години, Милан Раставац го поканил за ревијалниот натпревар против селекцијата на Катар во месец декември 2015 година.[22] Ристиќ бил повикан и за првпат настапил за репрезентацијата на Србија до 21 година на натпреварот против репрезентацијата на Андора, одигран во месец март 2016 година.[23] Во месец септември 2016 година, селекторот Славољуб Муслин го поканил Ристиќ за пријателскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Србија против тимот на Катар.[24] Ристиќ својот прв натпревар за фудбалската репрезентација на Србија го имал во пријателскиот натпревар против екипата на Катар (3:0).[25]
Статистика во кариерата
уредиКлупска статистика
уреди- Обновено на 5 Февруари 2022[26]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Други натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Црвена ѕвезда од Белград | 2012–13 | Суперлига | 0 | 0 | — | — | — | 0 | 0 | |||
2013–14 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 0 | 0 | |||
2014–15 | 23 | 2 | 2 | 0 | — | — | 25 | 2 | ||||
2015–16 | 29 | 2 | 2 | 0 | 1 | 0 | — | 32 | 2 | |||
2016–17 | 26 | 3[б 1] | 5 | 0 | 3 | 0 | — | 34 | 3 | |||
Вкупно | 78 | 7 | 9 | 0 | 4 | 0 | — | 91 | 7 | |||
Краснодар | 2017–18 | Руска премиер лига | 4 | 0 | 1 | 0 | 3 | 0 | — | 8 | 0 | |
Спарта Прага (како позајмен играч) | 2017–18 | Прва фудбалска лига на Чешка | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 2 | 0 | |
2018–19 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | — | 2 | 0 | |||
Вкупно | 3 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | — | 4 | 0 | |||
ФК Монпелје | 2018–19 | Лига 1 | 10 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 10 | 1 |
2019–20 | 18 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 21 | 0 | ||
2020–21 | 34 | 0 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 37 | 0 | ||
2021–22 | 22 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 22 | 0 | ||
Вкупно | 84 | 1 | 5 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 90 | 1 | ||
Вкупно во кариерата | 169 | 8 | 15 | 0 | 8 | 0 | 1 | 0 | 193 | 8 |
Меѓународна статистика
уреди- Обновено на 30 март 2021[28]
Репрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
Србија | 2016 година | 1 | 0 |
2017 година | 0 | 0 | |
2018 година | 0 | 0 | |
2019 година | 0 | 0 | |
2020 година | 4 | 0 | |
2021 година | 2 | 0 | |
Вкупно | 7 | 0 |
Признанија
уредиКлупски признанија
уредиЦрвена ѕвезда од Белград
- Освоена е Српската Суперлига (2): 2013–14, 2015–16
Наводи
уреди- ↑ „KLINAC KOJI JE ODUŠEVIO MARAKANU NA DEBIJU: Delije su me dovele u Zvezdu, tata me svemu naučio! (FOTO)“. telegraf.rs (српски). 16 August 2014. Посетено на 5 July 2016.
- ↑ Састав Звезде за Војводину. Red Star Belgrade (српски). 25 May 2013. Посетено на 19 August 2016.
- ↑ Ристић: Стижемо Партизан!. Večernje novosti (српски). 21 October 2014. Посетено на 5 July 2016.
- ↑ Војводина - Црвена звезда 3:0 (1:0). Red Star Belgrade (српски). 26 May 2013. Посетено на 19 August 2016.
- ↑ Михаило Ристић потписао за Црвену звезду. Sportski žurnal (српски). 5 July 2014. Посетено на 10 August 2014.
- ↑ Звездина будућност - Јовић, Ристић, Јовановић. Red Star Belgrade official website (српски). 9 August 2014. Посетено на 10 August 2014.
- ↑ „1.Kolo: Crvena zvezda - Radnički N.“. Serbian Superliga official website (српски). 10 August 2014. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 10 August 2014.
- ↑ „Ristić diriguje Zvezdom“. Večernje novosti (српски). 17 February 2015. Посетено на 19 August 2016.
- ↑ Михаило Ристић: Боље задњи везни него да не играм. Sportski žurnal (српски). 17 March 2015. Посетено на 19 August 2016.
- ↑ Црвено-бели универзалац Михаило Ристић: Не журим из Звезде. Sportski žurnal (српски). 5 July 2016. Посетено на 5 July 2016.
- ↑ „Ristić: Navijači, ispunite tribine protiv Voždovca“. tanjug.rs (српски). 8 August 2016. Посетено на 19 August 2016.
- ↑ Звезда чува своју будућност. Red Star Belgrade official website (српски). 14 September 2016. Посетено на 14 September 2016.
- ↑ «КРАСНОДАР» ПОДПИСАЛ МИХАЙЛО РИСТИЧА (руски). FC Krasnodar official website. 30 June 2017.
- ↑ „Zvezda prodala Ristića i do 15. jula dobija 2.000.000 evra“. mozzartsport.com (српски). 30 June 2017. Посетено на 1 July 2017.
- ↑ „DOMINIRAO: Ristićev debi iz snova za Krasnodar!“. maxsport.rs (српски). 27 July 2017. Архивирано од изворникот на 7 May 2018. Посетено на 30 July 2017.
- ↑ Ристић: Био је гол, али Боже мој.... Radio Television of Serbia (српски). 17 August 2017. Посетено на 18 August 2017.
- ↑ МИХЙЛО РИСТИЧ ПЕРЕШЕЛ В ПРАЖСКУЮ «СПАРТУ» НА ПРАВАХ АРЕНДЫ (руски). FC Krasnodar official website. 1 February 2018.
- ↑ „Mihailo Ristić hráčem Sparty!“ (чешки). AC Sparta Praha. 1 February 2018. Архивирано од изворникот на 10 May 2018. Посетено на 2 February 2018.
- ↑ „Mihailo Ristić, new Montpellier rookie“ (француски). Montpellier. 12 January 2019.
- ↑ Пауновић окупио "Орлиће". Radio Television of Serbia (српски). 23 March 2015. Посетено на 19 August 2016.
- ↑ И Михаило Ристић пропушта Светско првенство. Sportski žurnal (српски). 12 May 2015. Посетено на 19 August 2016.
- ↑ „Izlet uspeo: Srbija sigurna u Herezu“. mozzartsport.com (српски). 22 December 2015. Посетено на 19 August 2016.
- ↑ „Ristićevo proleće“. mondo.rs (српски). 20 March 2016. Архивирано од изворникот на 2017-08-05. Посетено на 19 August 2016.
- ↑ „Muslin objavio spisak reprezentacije Superlige!“. mozzartsport.com (српски). 26 September 2016. Посетено на 30 September 2016.
- ↑ „Qatar - Serbia match report“. eurosport.com. 29 September 2016. Посетено на 9 October 2016.
- ↑ Михаило Ристиќ на soccerway
- ↑ Јавор - Црвена звезда 0:3 (0:1). Red Star Belgrade official website (српски). Посетено на 17 May 2017.
- ↑ Предлошка:Nft/code
Надворешни врски
уреди- Статистика на Михаило Ристиќ на utakmica.rs (на српски)
- Михаило Ристиќ (фудбалер) – Профил на сајтот на УЕФА
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.