Митруш Радевски
Митруш Стојанов Радевски ( 1924 во Железница (село), Кратовско — 30 декември 1944 во Дисиновци, Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиИзраснал во крајно сиромашно, земјоделско и аргатско семејство. Маалото Врбица се наоѓа на планински терен и сточарството им било единствен приход за егзистенција. Во селото немало училиште, а поради оддалеченоста од градот тој немал можност да се образува, но тоа не било причина самостојно да не се описмени, бидејќи бил природно интелигентен и напреден младинец. За сето време како дете, а ѝ повозрасен се занимавал со одгледување стока. Во народноослободителната војска стапил веднаш по конечното ослободување на Кратово (6 септември 1944 година), прво како борец во Месната команда во Кратово, а подоцна бил вклучен во Седумнаесеттатa македонска бригада. Како борец во редовите на Бригадата земал учество во борбите до конечното ослободување на Македонија. Загинал во борба со балистите крај селото Дисиновци во околината на Гнилане, на 30 декември 1944 година.[1]