Мистерии (Хамсун)

(Пренасочено од Мистерии (книга))

Мистерии (норвешки: Mysterier) — роман на норвешкиот писател Кнут Хамсун од 1892 година.

Мистерии Хамсун корица

Содржина

уреди

„Мистерии“ е приказна за ексцентричниот губитник Јохан Нагел, кој пристигнува во еден норвешки приморски град и предизвикува низа неконвенционални и мистериозни настани. Како одличен познавач на бруталната страна на човековата природа, Нагел со своето однесување ги вознемирува жителите на градот, откривајќи ги нивните најмрачни инстинкти и потиснатите желби. Истовремено арогантен и скромен, праведен и неморален, тој успева да го заведе месното население и да го отпреврти наопаку дотогашниот начин на живот, а потоа исчезнува исто толку необично како што се појавува.[1]

Осврт кон романот

уреди

„Мистерии“ е вториот роман на Хамсун, која се смета за неговата најзначајна книга и еден од првите егзистенцијалистички романи. Романот претставува вешта комбинација на психолошки портрет и општествена анализа и во него авторот продира во човечките длабочини, прикажувајќи го односот меѓу општественото лицемерие и личната чесност.[2]

Во „Мистерии“ Хамсун ги претставил своите размислувања за демократијата и воодушевувањето од Ничеовиот натчовек. Притоа, главниот лик се појавува како два различни лика. Ова дело, некои историчари на книжевноста го нарекуваат петтото евангелие на модернизмот, споредувајќи го со „Така зборуваше Заратустра“. Необичноста на ова дело произлегува оттаму што тешко може да се дефинира, зашто во него се вкрстуваат лирските и епските елементи, но сите се сложуваат дека во него преволадува ирационалното. Оваа фаза од неговото творештво ја сочинува и трилогијата составена од романите „Пан“, „Викторија“ и „Глад“.[3]

Наводи

уреди
  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 13.
  2. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 13.
  3. „Белешка о писцу“, во: Кнут Хамсун, Пан. Београд: Политика и Народа књига, 2004, стр. 171-172.