Така зборуваше Заратустра
Така зборуваше Заратустра (германски: Also sprach Zarathustra) - книга на германскиот философ Фридрих Ниче.
Содржина
уредиОсврт кон делото
уредиВо своето последно дело, „Ecce Homo“, Ниче го опишува настанувањето на „Така зборуваше Заратустра“: Основната концепција, мислата за вечното враќање, се родила во август 1881 година, за време на една планинска прошетка. Неколку месеци претходно, како некаков предзнак, дошло до голема промена на музичкиот вкус на Ниче, за време на неговиот престој во близината на Виченца. Завршниот дел го напишал 18 месеци подоцна, во февруари 1883 година, во часот кога умрел Рихард Вагнер. Таа зима, Ниче ја поминал во местото Порто Фино, во близината на Џенова. Според Ниче, Заратустра е тип кој може да се нарече „големо здравје“. Потоа, тој ја објаснува својата инспирација во текот на пролетта кога престојувал во Рим, каде ја напишал „Ноќната песна“ која ја нарекува „најсамотната песна која воопшто е напишана“. Летото му се појавил вториот Заратустра, а зимата, која ја поминал во Ница, го пронашол и третиот Заратустра. Според Ниче, ова дело стои потполно за себе и, споредено со него, сето останато човечко дело е бедно, вклучувајќи ги Гете, Шекспир, Данте и поетите на Ведите. Ниче вели дека Заратустра е најафирмативен од сите духови, а во него се споени сите спротивности во едно ново единство; во него, поимот на „натчовекот“ е изразен во најголемата стварност. Всушност, Заратустра го претставува поимот на Дионис, зашто тој вели „не“ на сето она за кое се зборувало дека е, тој ја смислил „најпонорната мисла“. Потоа, Ниче ја разгледува „Песната на ноќта“ за која вели дека е „бесмртна тажачка поради својата обилност на светлина и моќ, поради својата сончева природа, да се биде осуден да не се сака.“ Заратустра ја определува својата задача - човекот да се афирмира преку ослободување од сето што поминало при што човекот не може да биде никаков предмет на љубовта или на сочувство. Заратустра вели дека човекот е безобличност, градба, грд камен кому му треба вајар.[1]
исто така, во „Ecce Homo“, Ниче вели дека, меѓу сите негови дела, „Заратустра“ стои само за себе и дека тоа дело е најголемиот подарок што му е даден на човештвото. Во него не зборува фанатичар, во него не се проповеда и не се бара вера, а нежната бавност е темпото на тие беседи.[2] Ниче го нарекува „Заратустра“ „дитирамб на осаменоста или... на чистотата“.[3] Според него, ова дело допира само до најизбраните читатели[4] и за да може се разбере нешто од него, мора да се имаат истите услови као оние на авторот - „со едната нога да се биде од онаа страна на животот“.[5] Оттука, тој предвидува дека во иднината ќе постојат посебни катедри за проучување на „Заратистра“.[6] Притоа, Ниче сведочи дека штом фрли само еден поглед врз „Заратустра“, половина час шета немирен низ собата, немоќен да го совлада неподносливиот грч на јачењето.[7]
Наводи
уреди- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 113-132.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 18.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 39.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 19.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 29.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 69.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 54.