Мирко Шенковски
Мирко Шенковски познат како Коста или Џеронимо (роден на 1971 во Скопје) — македонски и хрватски музичар, композитор и текстописец. Тој е автор на стотици композиции, кои се огромни хитови низ просторите на бивша Југославија.
Мирко Шенковски | ||
Роден | 1971 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | музичар |
Животопис
уредиШенковки е роден е во Скопје во 1971 година, а израснал во Славонски Брод, Хрватска, каде се школувал. Во 1992 година се преселил во Загреб. Музичката кариера ја започнал во најпознатиот бродски рокбенд „Sauron", кој дејствувал помеѓу 1986-1996 година. Поставата на бендот била Мирко Шенковски (вокал), Тони Ловиќ (соло гитара), Томислав Лукетиќ - Лукс (ритам гитара), Томас Стипиќ (бас гитара), Арсо Лудвиг (тапани) и Даниел Ластриќ (клавијатури). Албумот „Better tomorow", Саурон го објавиле во 1994 година во Croatia records.[1] Во 2010 година пристигнал во Сараево, каде што почнал во соработка со Халид Бешлиќ. Потоа работел како текстописец со најголемите ѕвезди на регионот: Халид Бешлиќ, Црвена Јабука, Тифа, Ханка Палдум, Гоца Тржан, Мирослав Шкора, Енес Беговиќ, Неда Украден, Џенан Лончаревиќ, Златко Пејаковиќ, Драган Кајтазовиќ и многу други.[2]